Friday, March 16, 2007

риба

Денес и се откачи дното на куглата од рибата, па одлучив да пренаменам дел од "фондот за филмови" во нова кугла - еднособен проширен стан кој е всушност сад за овошје, ама многу е убав.

Сега рибата, која ја крстивме Цветко (макар што јас сеуште мислам дека тоа е име за коњ и никако за риба) има и дрво (баш додека пишувам се крие под него) и друштво од две пластични риби што лебдат на површината.

Сакам да ја сликам и да ја закачам тука, ама во овој миг тоа не е баш изводливо.
Надвор има сонце, а сега ќе излезам и јас малце.

Wednesday, March 14, 2007

мојот омилен блог

the sartorialist

го обожавам типот и неговиот концепт за блог!

Monday, March 12, 2007

saved

глупости

Викендов си ветив дека конечно ќе ја завршам Симулакруми и симулација.

Читав за смислата на етнологијата и нејзиното уништување на сопствениот предмет со самата желба тој да се проучи и открие, и ептен ме заинтересира таа теза, па си мислев дали всушност единствен начин да сакаш нешто многу, најмногу, е да се оддалечиш од него и да го оставиш?

Дали интересот за нешто (книга, филм, човек...) доживува свој врв во откажувањето, односно оној момент во кој толку многу сакаш што капитулираш, оставаш и се откажуваш? Наоѓаш некоја супер книга, и толку е добра што не знаеш ни што, ни зошто и како, ни да ја објасниш на некој друг. Понекогаш, толку многу сакаш што се што можеш да направиш е да се тргнеш на страна.

Всушност, тоа ми се има случено многу пати, и сега скоро, ама ми требаше Бодријар за да го сфатам тоа така :).

добро утро

Ми се јадат пржени лепчиња!