Типот оди кај разни луѓе по дома, од типот на Бегбеде, Џулија Роитфелд, некои стилисти, готвачи и сл, и им прави интервју и ги слика. Не го гледам редовно, туку чекам да поминат 2-3 месеци, да се потсоберат постови/галерии, и после уживам и пливам во лигите што ми течат :)
Tuesday, January 26, 2010
Thursday, January 21, 2010
Monday, January 18, 2010
Friday, January 8, 2010
пиши-бриши
Ете, се распишував! Браво за мене!
Деновиве го читав Евангелието по Јуда и баш си мислев колку добро ќе ми дојдеше додека студирав... Немаше само Јов да биде проблематичен и провокативен и некако многу поинтересни ќе беа муабетите со Маја... Размислувам дали треба да станам професорка по историја на религии во основно школо, кога веќе не можам да станам професорка по :)
пс
заклучив дека без да приметам, Твитер, ФБ и рекламите ми го смениле стилот на пишување. Мора да се испробам во подолга форма. Си најавувам себе си расказ :)
Дом
После месец дена, конечно се враќам на пишувањето. Како вечна сонувачка, си ја почнувам оваа блог-година со еден стан во Канада кој личи како да е во Шведска, и изгледа како нешто во што баш би сакала да живеам. Растргната помеѓу фантазијата за сонце, прозорци и цвеќиња и реалноста на брифовите, мејловите и компјутерот пред кој седам, размислувам кој/што сум. Дали сум некој кој презема и прави, или некој кој седи и следи... Или некој помеѓу, некој необоен/а... Не чувствувам потреба строго да се дефинирам и да си зададам граници, но понекогаш ете, сакам да знам.
Ме пука некоја анкзиозност која не престанува.
Се надевам дека е од кафето. Или од работата.
Tuesday, December 1, 2009
Subscribe to:
Posts (Atom)
