Friday, April 30, 2010
Tuesday, April 27, 2010
што научив на факултет
Ете, it's a sign!
Под прозор помина едно девојче со две кеси од Манго, а јас пред малку го гледав сајтот! Значи - мора да си купам нешто!
Чудно како мојот мозок наоѓа начин да најде логика во се, или оправдување за се. Ама пак, колку што научив на факултет, тоа реално се вика суеверие/магија. Ај добро, не одам во Манго. Oh well.
Saturday, April 17, 2010
Friday, April 16, 2010
Име
Точно еден месец не сум напишала ништо тука.
Но на работа редовно везам и сценарија, и принтови, и имиња, и слогани, и настани, и што се не. Дури напишав и радио реклама за Holy Ghost!... Се плашам дека пишувалчето ми се истрошило, дека целата моја вештина за пишување сум ја дала на реклами и дека никогаш нема да напишам роман.
Деновиве пак го читам Шлинк, и се прашувам дали може требаше да завршам право или медицина за да бидам писател, зашто писател со ОКК диплома во џеб - тешко. И познавајќи се себе си, добро знам дека ако некогаш станам писател, нема да бидам дисциплинирана за да пишувам секој ден по 10 страници и нема да направам 20 неуспешни книги со испрана поезија и патетични раскази додека да се удене нешто, туку ќе бидам од оние писатели кои не прават ништо поврзано со пишување, и одеднаш пукнуваат и пишуваат една или две книги, и толку. Сега за сега, знам како ќе ми се вика романот, иако не знам што е приказната. Гравитација. Ете така ќе се вика. А познавајќи се себе си, гарант се урочувам со тоа што го кажувам името вака јавно, ама ете, добро е кога концептот има макар некаква формулација, со сите ризици на занаетот под рака.
Може сепак подобро да отворам спа центар.
Thursday, March 18, 2010
Tuesday, March 16, 2010
Subscribe to:
Posts (Atom)