Генерално не сакам да си го полнам блогот со гневни постови, ама сабајлево ми се мрчи. Може ќе го избришам постов по некое време.
Баш во моментов слушам утринска емисија на 103 и зборува Христина Ивановска, попозната како Ѕверот. Христина е самопрогласена "уметница" која мисли дека треба да прави некакви си родови истражувања без смисла, методологија или порака и тоа да го пакува и продава како уметнички проект. Пред неколку години ги попишала улиците во Белград со женски имиња и упорно тоа го збори и дрви по мал милион конференции, трибини, медиуми и слично.
Никогаш не ми стана јасно - што со тоа?!
Каков е тој уметнички проект кој се сведува на просто каталогизирање и фактографско наведување и нипто повеќе од тоа? Никогаш не истакнала некоја посебна идеја или порака или нешто што произлегува од ваквата страст по информации. Ништо не е создадено, ништо не е измислено, се се преџвакува, се прераскажуваат познати и апсолвирани нешта и се удира во гради дека леле, јас работам на проект, а вие што не ме разбирате - па кој ве ебе...
Јас мислам дека треба да најдеме некоја слепа уличка и да ја крстиме по неа: Христина Ивановска - Ѕверот (нешто како Јордан Хаџиконстантинов - Џинот) и аман, нека заврши веќе еднаш. Тоа би било единствена пројава на концепт во нашето (македонско) wanna be-концептуално уметничко живеење. Фуј.
Доста беше сонување. Back to real life issues.
Деновиве беше објавен конкурсот за постдипломски студии во ЕуроБалкан, конкурс што одамна го чекав. Арно ама: наставната програма + списокот на предмети + професорите што знам дека ќе предаваат + износот на школарината = ладен туш.
Место да слушам асални професори и луѓе од овде што ги бива, јас би требало да ги слушам The Almighty Слободанка Марковска, Шкариќ и Катица... wtf?!
Е сега, Катерина Колозова е раководител, и тоа е супер, но мене се уште не ми е доволно. Мојата идеја за родови студии не е избор помеѓу философија и род или социологија и род?!
Сакам програма од која actually ќе научам нешто, а не од 90% од предавачите да слушам депласирани тези и надминати теории, само за после две години да можам да се фалам дека имам диплома за родови студии...
Како и да е, I know my shit.
Се уште во сонувачка фаза, мислам дека во мојата книжарница мора да има и ваков момент...
:)

Нешто сум тапа расположена во последно време, и не ми се ни пишува, ни ништо. Ама затоа, не можам да престанам да замислувам како ќе ми биде уредена книжарницата што ќе ја отворам после 10-15 години, и баш ми е ок "терапијата". Наидов на сликички од некоја книжарница во Норвешка, или Шведска, или нешто така, и ептен ми беа инспиративни. Црни ѕидови, аааах...

Денес видов една кампања што ептен ме бендиса од креативен аспект. Идејата е супер, а кога видов дека во едно од решенијата се осмелиле да прикажат геј пар, паднав во несвест од радост.
Но, додека го спремав постот, сфатив дека всушност, ова е само бедно продолжување на неколку опасни предрасуди што никако да ги искорениме. Едната е дека геј мажите (не најдов принт решение со лезбејки) некако одат рака под рака со сидата. И секако, проститутките се се уште хит.
За жал, некои нешта и не може поинаку да се претстават за да им бидат јасни на луѓето, ама не значи дека треба да тапкаме во место со премногу типични начини на комуникација. Секако оваа кампања ќе ја пренесе пораката за заштита од сида и слично, ама ќе отвори и други рани. Јбг, адвертајзинг е меч со сто острици...
Најдобриот коктел ever! Излезе дека има и речиси митско значење во поп-културата, со референци кај Хантер С. Томпсон, Only Fools and Horses, па дури и Супермен 3. Ако не сте го пробале - ТРК!