Monday, August 31, 2009
Thursday, July 30, 2009
Thursday, July 23, 2009
Wednesday, July 22, 2009
Thursday, July 9, 2009
Saturday, July 4, 2009
Thursday, July 2, 2009
девојчиња, учете компјутери - ќе ви се најде!
Се изнагледав владини реклами за се и сешто.
Последната што ја видов беше за тоа дека е неопходно да се знае работа на компјутери. За да се покаже тоа, рекламата е направена со исечоци од огласи во весник, со тоа што заокружено или потцртано е тоа дека во поголемиот дел од огласите се бара "познавање на компјутери".
Е сега, на страна тоа.
Забележав дека поголемиот дел од издвоените "огласи" имаат содржина од типот: се бара жена за работа во канцеларија..., се бара девојче за работа во кафич..., и слично. Ако во владина реклама тој оглас е земен за легитимен во своето барање на познавање компјутери, тогаш е легитимен и во своето барање за жена, односно девојче, односно девојка, односно каква било родова назнака!
Не ми е јасно од кога тоа владата го оправдува, легитимира, па дури и го стимулира ваквото комуницирање во јавните медиуми? Од кога тоа стана прифатливо и отворено да се бараат вработени според родова припадност? Посебно што таа реклама некој седнал и ја работел за да изгледа како цитат на автентичен оглас, односно не е вистински исечок од огласник, туку некој го осмислил и го напишал текстот како таков. Во тој контекст, не знам што е пострашно - дали можноста во тек на работа на кампања никој (читај: владата) тоа да не го види, или можноста да е видено, ама не е регистрирано како грешка, проблем или небулоза...
Со оглед на нивото на голема инволвираност на владата во рекламите што ги прави, мене ме интересира нејзината одговорност во однос на промовирањето родова дискриминација дури и во ваквиот дискурс. Уа!

Subscribe to:
Posts (Atom)