А со оглед на тоа дека за тоа пишувам на блог, не знам баш како ми оди, ама викендов веќе не отворам ФБ.
Saturday, April 17, 2010
Task
Бидејќи од денес сум на нутриционистичка диета, решив да го направам симболичен денот и да почнам и со една малку поинаква диета.
Friday, April 16, 2010
Име
Точно еден месец не сум напишала ништо тука.
Но на работа редовно везам и сценарија, и принтови, и имиња, и слогани, и настани, и што се не. Дури напишав и радио реклама за Holy Ghost!... Се плашам дека пишувалчето ми се истрошило, дека целата моја вештина за пишување сум ја дала на реклами и дека никогаш нема да напишам роман.
Деновиве пак го читам Шлинк, и се прашувам дали може требаше да завршам право или медицина за да бидам писател, зашто писател со ОКК диплома во џеб - тешко. И познавајќи се себе си, добро знам дека ако некогаш станам писател, нема да бидам дисциплинирана за да пишувам секој ден по 10 страници и нема да направам 20 неуспешни книги со испрана поезија и патетични раскази додека да се удене нешто, туку ќе бидам од оние писатели кои не прават ништо поврзано со пишување, и одеднаш пукнуваат и пишуваат една или две книги, и толку. Сега за сега, знам како ќе ми се вика романот, иако не знам што е приказната. Гравитација. Ете така ќе се вика. А познавајќи се себе си, гарант се урочувам со тоа што го кажувам името вака јавно, ама ете, добро е кога концептот има макар некаква формулација, со сите ризици на занаетот под рака.
Може сепак подобро да отворам спа центар.
Thursday, March 18, 2010
Tuesday, March 16, 2010
Tuesday, March 2, 2010
Сакам летооооооооо!
Во секоја Летно рекреативна програма на МТВ имаше по еден филм дневно, и јас секој ден се пореметував кога ќе ја дадеа сивата шшица со ИГРАН ФИЛМ на неа, седев со наместено видео, празна касета внатре и прст на копче во случај да го даваат Кришо! Ако не беше Кришо, бев целосно разочарана и си се тешев дека ај, утре гарант ќе го даваат, а па кога беше!!! Тоа беа радости, скокања, играња... И денес го имам истото чувство во стомакот кога го гледам почетокот на филмот :)
Лето, море, Ст. Тропе, француски јазик, 60ти години, песници, убави дечки и девојки, јахти... magnifique!
Thursday, February 25, 2010
Friendships and friendboats
Кога пред некоја година дознав дека Гвинет Палтроу почнува со Goop, никаде немаше информации за тоа што точно ќе има во него. Од биковска љубопитност, нормално, се ставив на листа и баш се изненадив што се пишува и раскажува.
Е сега, да - Гвинет е lame, посебно после говорот на Оскар, и не дека ми се свиѓа многу многу самата таа, ама овој newsletter и е баш ок. Ми се свиѓаат и темите, и начинот на кој пишува, и пристапот кога вика повеќе луѓе да зборат за една тема.
Посебно беше ок последната тема, за пријателствата, и што е тоа што некој го прави пријател или не. Искрено, ме мрзи да прераскажувам што вика таа, и што викаат психијатрите и свештениците што ги викнала, па затоа еве го линкот, читајте. Јас само сакам да споделам нешто убаво :)
Subscribe to:
Posts (Atom)