Friday, March 16, 2007

риба

Денес и се откачи дното на куглата од рибата, па одлучив да пренаменам дел од "фондот за филмови" во нова кугла - еднособен проширен стан кој е всушност сад за овошје, ама многу е убав.

Сега рибата, која ја крстивме Цветко (макар што јас сеуште мислам дека тоа е име за коњ и никако за риба) има и дрво (баш додека пишувам се крие под него) и друштво од две пластични риби што лебдат на површината.

Сакам да ја сликам и да ја закачам тука, ама во овој миг тоа не е баш изводливо.
Надвор има сонце, а сега ќе излезам и јас малце.

2 comments:

Anonymous said...

Какво дно, каква риба.Кај живееш девојко.Пушти ја рибата во Вардар, а теглата користи ја како бунар без дно.И купи си мачка.

Anonymous said...

У петокот беше во лудница, таму излегуваш нели, а рипката не ја носиш со тебе? Или? :)))))