Мислам дека доста беше за Бојан, ќе продолжиме на следното идење во кафана :)
Сакам малце да помрчам за еден филм што го гледав вчера, мислам дека се викаше Што сакаат мажите, ама не можам да го најдам на imdb. Филмот е како правен според Maxim/CKM рецепт - друштво од тројца супер другари, сите кој од кој позгоден и поубав (според Maxim концепт за убав маж), а еден од нив и црнец (за да биде политички и расно коректно друштвото), и сите се онака - ебачи со шарм :)
Ај што приказната беше скроз провидна - нема врска, ионака не е нешто спектакуларен филмот. Мене ме изнервира третманот на родовите стереотипи во потрошувачката поп култура. Сите машки се исти, и сите машки се супер, а се разликуваат само според прозаичноста на изборот пари или љубов, при што тој што одбира љубов сепак ги добива и парите. А жените беа исто толку неинтересно претставени преку веќе досадните јасни и очекувани стереотипи - или е фина, мила, невина и наивна девојка, или е аждаја што ебе се што ќе и се доближи.
Значи, научив дека - ако сакам да го најдам "вистинскиот Maxim маж", треба да бидам религиозна, да ќутам, ама да се смешкам како ненормална цело време, да не сакам секс и да носам розеви џемперчиња. Хмм...
Мислам, мене јасен ми е концептот за low budget филм и евтина забава, ама па не мора да биде и low brain филм! Па барем да имаше некој добар хумор за да ги извади! Страшното е што вакви филмови стануваат прилично популарни и оставаат сериозни последици, зашто препишуваат многу конкретни и строго дефинирани модели на однесување. Баш и не се нудат различни начини на однесување и ако сакаш да се иницираш во социјалниот поредок треба само да одбереш улога и тоа е тоа. Не знам, ама мене тоа ми е прилично језиво, посебно кога потекнува од "безгрижна" двочасовна тв забава...
Oh well. Може ако имаше A-list глумци филмот ќе беше подобар :)
1 comment:
Еве ти линк: http://www.imdb.com/title/tt0285156/?fr=c2l0ZT1kZnx0dD0xfGZiPXV8cG49MHxrdz0xfHE9d2hhdCBib3lzIGxpa2V8ZnQ9MXxteD0yMHxsbT01MDB8Y289MXxzYz0xfGh0bWw9MXxubT0x;fc=1;ft=20
А филмот има два наслова, како што ќе видиш. Не го гледав и не го коментирав, ама што си очекувала од амерички low budget, најверојатно тинејџрски, филм.
Post a Comment