Има едно куче што редовно лежи и дреме до зградата покрај која поминувам секој ден. На сите им лае освен мене :)
Вчера му оставиле пластични садови од Добро Јутро маргарин со јадење, а во едното имаше и црни маслинки, со извадени семки! Денес кога поминав покрај него, видов дека немаше ништо изедено. Сакам да му однесам некое мевце, ама не знам како во автобус да го носам мевцето?!
3 comments:
Лесно како поинаку.
Прво, мевцето во фолија, па фолијата во кеса и ende. Нормално, доколку навистина сакаш да му однесеш, ништо не е тешко.
Да, може.
Во суштина, мојот план беше да украдам кучешка храна од Дилан тука, и да му однесам во најлонче, ама ќе ме видат...
Денес го немаше кучето.
Додуша, и други пати го немало, па се појавувало, ама секогаш кога го нема мене ми е шубе дека нешто му се случило.
Многу сакам да бидам куче, ама улично, и да дремам по цел ден. Малку е непријатна егзистенцијалната неизвесност што ја доживуваат секојдневно уличните кучиња, ама па, по ништо не се разликува од мојата егзистенцијална (не)сигурност како не-куче. Можеби кога би била домашно куче, би било супер. Да, тоа е добро. Ама па затворено дома.
Post a Comment