Sunday, April 29, 2007

простор

Во многу филмови има сцени во кои градот е напуштен и се е празно, а главниот лик лута наоколу во паника, анксиозност и безизлез.

Но, јас отсекогаш сум посакувала токму тоа и реално да ми се случи, не знам зошто. Многу сакам кога сум сама во простор иницијално "наменет" за повеќе луѓе - сеедно дали дома, на работа или во трговски центри. Сонувам за денот во кој ќе ми се случи моментот од Vanilla Sky, на пример. Има момент на паника, страв и шубе во тоа, ама ете, јас како познат дивтар, сакам кога сум сама низ град.

Баш сега, додека пишувам, се наоѓам сама во една голема зграда, со остатоци на други луѓе и активности, и... (ако се апстрахирам од обврските што ги имам) некако убаво ми е.

3 comments:

snappy name said...

девојче кај си....?
ме плашиш!!!
какви се тие „остатоци на други луѓе“?!?!?!
Бегај од големата зградата,брзо!!!

Дамјан said...

Како рекле ... „Пази што посакуваш, може ќе ти се случи“.

Убаво ти е кога знаеш дека луѓето се сепак тука негде, блиску, иако не ги гледаш непосредно.

ps.
гледај го the „last man on earth“, сега веќе е public domain филмот и можеш да го симнеш од интернет :) ... или да ти го снимам?

bluessence said...

Дамјан, ептен си во право. Сето тоа делува супер додека е на ниво на желба, ама остварувањето на желбата е секогаш погубно, или во најмала рака со непредвидени последици...

Филмот не можам да го симнам, дома интернет јок, а на работа ќе мрчат. Тоа значи, да, сними ми го, плс :) На двд! :)))