Златко е еден од луѓето заради кои се уште го сакам Скопје.
Кога го запознав уште одамна не ми се веруваше дека ја сака истата музика што јас ја сакам, и тоа не само општо познатите изведувачи заеднички за многу луѓе тука, туку и се друго што сакам или сум сакала. Не сакам да набројувам, а не сакам ни да тврдам дека никој не ја сака мојата музика - напротив, и баш заради тоа сакам да кажам дека навистина ретко наоѓам некој чиј музички вкус се совпаѓа со мојот, исто толку разновиден, шизофрен и хаотичен.
Златко не е супер само заради музиката што ја слуша, туку и заради комплетниот негов склоп и сензибилитет. Супер е тоа што во Скопје има уште такви луѓе.
20 comments:
Сакаш број од Златко? :)
Кој Златко? Златко, Златко? Како ти звучи 19 и 20 мај во Велес? Имаме идеја која се развива и се надевам дека нема да се одложи да одиме во куќата и да се дружиме тамам и роденденот ке ти го прославиме и златко ќе биде таму:) А за мене дилемата останувадали да го поканам Боки или Петар?;) Едноставно нели?:)
А да ќе има ведар дух, лап топ, продлжителен кабел ....
Ај да се вратам на работните обврски:)
Работниот наслов на дружбата во Велес ќе биде :
“Повеќе комуникација, помалку информација“
Се молам сите заинтересирани, сериозно да се подготват повеќе да комуницираат, но со помалку информации.
Ајдеее... Човек ќе напише нешто вакво и одма муабети! :))))))
Значи, имам број од Златко, фала многу! :)
А Велес - па сега за сега не звучи лошо, ама не можам да ветам... зависи од милион аспекти на моето секојдневие. Даниела, ти викни го Петар, кога сме веќе во Велес, резидент е!
ps
А друштво за два дена после тоа, на Gotan Project? Anyone?
а јас, Љупка Димитровска....каде и да одите викајте ме!
Доаѓам!
Златко е стварно најсупер!!!
Ама доста ми е од него бре, од прво одделение го знам!
Дајте ново машкоООО на темава!!!
=)))))
се шалам!
Без Злате наш, нигде нема одење!!!
Злате!!! Поздрав!!!
Ново машко а? А мене не ме спомнува никој? Хелоу тука сум? Не ме спомнуваат жениве, а после ќе ме изебат, упс грешка изеДат и тоа непотребно. :))))
Аиии, постов беше за Златко. А Ефрем, ОК е. И толку. :)
Дарко е...
Да го грабнеш и да бегаш:)
Абе Дареее... Па не биди љубоморен, ќе има пост и за тебе кај Сашка.
Кај весна веќе имаше, така да полека, без многу галам. :)
Ооооо.... па Сашка за ова имаш уште утре две DVD-ња со мр3-ки + бонус DVD со музики кој ги заменуваат тоа хемикалиите :)
а за Дарко ке најдам некој другарка по пат :) хехехехех
Овој Златко секогаш мисли на мене. Фала, фала, донеси не е проблем, па еден ден ќе ти набацам и ја нешто. :) Ихи, блогов на Сашка тотално го злоупотребивме. Извини Сашка, намерно беше. :))))))))
А бе што не коментиравте вака жестоко кога имав пост за Џудит Батлер? Или ај, не мора теорија, бар за FSOL? Се галамџии, од прв до последен!
:))))))
Ех, какви “глупости“ прашуваш, зошто не сме коментирале повеќе на спомнатите постови.
Јасно е зашто, овој е најинтересен, инволвира луѓе кои ги гледаме секој ден, контактираме со истите и нормално, at last but not at least, станува збор за добар СЕИР!!!
А не, таму некои си FSOL, некоја си Џудит Батлер итн. Не не. :)
да, да Злате е најсупер!!!
а никој не го пофали I в одд., другрките на Злате кој направија Човек од него уште од I в одделение....
Така е!
Три пати УРА за другарките на Злате, кои што го направија човек уште од I-во одделение:
УРА! УРА! УРА!
фала владимир за УРА-та!!! =)
абе прво “В“ бевме!!!
и мислам дека имам една слика кај што јас и злате седиме еден до друг и носиме исти патики!!! =)))
леле да, еј....
ај ќе ја побарам по дома и ако ја најдам ќе ја скенирам и сашка нека ја стави на блогов!!!
Што Сашка да ја стави. Имаш блог, па стави ја сликата и пиши нешто. Со евентуален линк до стартот на причата. Нека „шета“ причата за Златко по блоговите. Па ако има позитивен ефект, ќе направите иста прича и за мене. :))))))
е ја најдов сликата.....
не е баш така како што мислев ама сепак вреди да се види....
сашка да ти ја пратам ќе ја ставиш или да ја испочитуваме идејата на дарко да ја поставам кај мене на блог па, да го оставам и твојот блог како линк....а?
Интертекстуалност, Весна, односно интерблоговство - стави ја кај тебе, па меѓусебни линкови ќе ставиме
:)
Оф, леле море мајко! Ќе се договорите? :)
Post a Comment