Бидејќи деновиве ме мрзи да пишувам на битни теми и да ја синтетизирам мојата презентација во читлива форма, решив да напишам нешто друго. Кери Смит е некој кај кого препознав многу мои лични, интимни моменти и ја чувствувам како некое мое идно алтер его. Таа пишува, црта, измислува и е многу, многу интересна во тоа. Се навлеков на нејзиниот блог и посебно на нејзините survival идеи во денешниот корпоративен свет и можноста за индивидуални герилски акции, без оглед на тоа што сакаш да кажеш.
Она што ми е најмногу интригантно и бескрајно ме копка е возраста на Кери Смит. Никаде не можам да најдам колку години има, и покрај фотографиите на нет. Не дека тоа е толку многу важно, но би сакала да знам...
No comments:
Post a Comment