Thursday, July 19, 2007

Exit 007




Сакам уштееее...

7 comments:

Anonymous said...

Беше а? дај бе префрли се на blog.com.mk! Знам дека нема шанси ама ќе пробам пак. Па нели гледаш шо све не се накоти таму. Ајдеее ни требаат поасални блогери. размисли!
Фемгерилата

bluessence said...

А бе размислувам, размислувам... Само некако мојот концепт за блог е поосаменички, на blog.com.mk ќе ме расчеречат... Треба сосем поинаква да бидам таму, па сега смислувам што и како :)

Vladimir said...

Никако на blog.com.mk !

Па да ја трпиш цензурата на Трендо & Co.

Не се заебавај,остани си на blogspot.com, само тука ќе си ја уживаш полната слобода, односно максимално ќе си го уживаш правото на freedom of speech.

Барем според мене, подобро да имам 3 посети на ден (а сум на блогспот.ком), отколку 50 на ден (а сум на блогер.ком.мк). Знаеш ли зошто? Затоа што не сакам да стојам рамо до рамо со разни ропаци ала Пинчер Барнет, потоа некои разведени и несреќно омажени тетки итн итн...

Уствари, на крај твој избор си е. Тоа е мојот поглед и став.

Vladimir said...

А инаку да се навратам со коментар на постот :)

И јас САКААМ УШТЕЕЕЕЕ! Се би дал да се вратам назад во времето барем едно 10 дена.

Нема што многу да се збори. EXIT е една таква дешаваљка што (барем за мене зборам) максимално те исполнува. Те опушта. Те прави за момент да се чувствуваш светски.

И треба да имаш многу ментална сила, за после фестивалот, кога ќе се вратиш во Ск да не паднеш во депресија. Јас се БОРАМ со сета сила, на граница сум . :)

П.С. Супер ти е сликата од Бисти Бојс

Vladimir said...

И повторно јас. :)

Заборавив да додадам дека, додека ги пишував претходните коментари си го слушам сетот на Eric Prydz од EXIT - Dance Arena, и ме фаќа веќе носталгија...

Сакааааааам УШТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! :)

Anonymous said...

Ах Владимир, Владимир се додека така елитистички се сепарираат блогерите блог.ком.мк ќе биде дувло на медиокритети. На крај краве без чудните и апсурдни писанија на Пинчер и трескањата на тетките блогерајот нема да биде тоа што е. Мислиш на блогспот нема тапаџии? Дека е заебан блог.ком.мк заебан е. Не можам нов пост да напишам на едниот компјутер, понекогаш цел ден не се отвара блогерај и слични глупости, ти се бришат постови штом ќе кликнеш зачувај ама па похард кое е :) Малку мачење да видиме и ние. Шала на страна сосема ми се јасни причините зошто НЕ ама имам и јас добри причини зошто ДА. Барем за почеток додека не те научи одредена публика (онаа на која и се обраќаш) добро е да си у друштво на едикакви ликови. Веруј дека со време и на блог.ком.мк се редуцираат сељачиштата на твојот блог. Порано по 100 коментари ми се шибаа. Дрвиш на некоја тема 100 саати и ќе улета Кимица со коментар од кој ти се плаче. Ама еве ги, ги нема сега. Треба да се дигне квалитетот и мислам дека ваков блог итекако фали на трендо-блогерајот.
Фемгерилата.

bluessence said...

Мојот проблем со тоа дали да се ставам на blog.com.mk или blogspot беше сличен како и проблемот од пред сто години за тоа каде да отворам мејл.

Со оглед на тоа дека имам прилично шизофрена автоперцепција, отворив на мал милион места, меѓу другото, и на freemail. И после, трт! Излегов од Македонија, нема отварање мејл! Колку и да сакав да форсирам некаков си македонски сајбер-не-знам-што, од практични причини останав на yahoo, hotmail и gmail, се разбира.

Слично беше и со блог. Овој блог не ми е прв - дури и сум заборавила каде се имам блогови на кои не пишувам, уште пред да се отвори blog.com.mk.

Овој блог го отворив со идеја да бидам редовен пишувач за себе, да си воспоставам некаква одговорност за посветување време на себе, зашто тоа прилично тешко ми оди, зашто, искрено кажано, не баш лесно разговарам за себе. И токму затоа, сосем ми одговара loner-скиот концепт во кој никој не ме чита, иако се радувам како мало дете на секој коментар, макар тоа било и смајли.

Меѓу другото, признавам: овој блог го отворив и за да можам да се оттргнам од .мк "идентитетот", кој никогаш и не ми бил нешто посебно мој. Сакав нешто што нема да го кажува моето (не)припаѓање.

Од друга страна, има многу добри блогови и на blog.com.mk, факт! Иако оставам коментари само ако ептен ме допре нешто, има неколку што редовно ги читам и ги почитувам. Предноста на имање блог на blog.com.mk е голема во зависност од концептот на блогот, баш заради којекаквите шупаци со интернет пристап на работа.

Јас лично, не знам колку можам да им го просветлам мрзливото секојдневие на овие луѓе, макар што можам да пецкам и да провоцирам, и заради тоа се уште се двоумам за дополнителен блог на blog.com.mk, од стратешки феминистичко-постколонијалистички причини :)

Се за каузата (да ја цитирам almighty Слободанка Марковска)! :)

Така што, мислам дека blog.com.mk е добар фронт за одреден активизам, но никако за лични, интимни и искрени проблесоци. А Трендо и неговата уредувачка политика се навистина тема за себе. За инат би можело да се отвори блог во кој ќе се мрчи за него, баш ме интересира до кога ќе опстане :)

Сега за сега се редефинирам себе си и проценувам колку би била способна и колку имам душа за карање со секој трол :)

А можда па на мојот активизам му треба друг фронт, а тука ќе си пишувам за Exit :)

Вечно збунета, c'est moi :)