Растргната помеѓу потребата да го искажам својот став и потребата да заработам наречена If you can't beat them - join them, во последно време интензивно размислувам за тоа како може да придонесам за мир во светот, колку и lame да звучи тоа. Досега, ми текна само дека тоа го можам преку некаков вид саботирање на самата себе си, во смисла - by day, работам нешто, додека by night, правам герила која него го критикува.
Во недостаток на поддршка, средства, начин, а пред се моја храброст и одлучност, им се воодушевувам на оние кои успеале да направат нешто што реално има смисла и значење и нешто што се обидува да го прави светот подобар, наместо обратното...
Инспирирана од http://www.oktavillagetravel.com/index.htm, супер идеја зад која се уште не знам кој стои, постирам и видео на Gnarls Barkley. Освен тоа што само по себе ми се надоврзува на муабетот, ме потсетува и на нешто друго, односно на еден друг проект на Brian Burton - Danger Mouse од Gnarls Barkley.
Заедно со Banksy, пред некое време типот направил лажни цд-а од Парис Хилтон во кои интервенирале и во музиката, и на оригиналните фотографии - на пример, ако во оригиналот Парис Хилтон чекори и позира пред група папараци, во ова чекори и позира пред група бездомници, и многу други такви примери. Направени во само 500 примероци, квази цд-та биле скришно подметнати помеѓу вистинските и луѓето што ги купиле немале поим што е и како е, а сега веќе не може да се најдат ни за лек...
Се надевам дека еден топол сончев ден, можеби дури и овој денеска, ќе смислам како ќе го направам светот поубав и како Сандра Булок ќе кажам "... and world peace!"
No comments:
Post a Comment