Не е тоа страв од осаменост, ниту пак потреба за инстант друштво, туку некоја чудна, специфична потреба да имам некој што е пораснат во исти услови како мене, некој што е како мене, ама не е како мене, некој што ме знае и познава објективно и на исто ниво, без да раскажувам која сум и каква сум, некој што ќе ме нервира и што нема да се труди да остави не знам каков впечаток, некој што ќе ми биде сојузник, со кој имам ќе имам некакво сродство поблиско од она со братучеди... Можеби идеализирам, можеби не знам што зборам, ама сепак...
Иако имало моменти во кои сум си викала супер што немам ни брат, ни сестра, сепак, at the end of the day, ми недостига нешто недофатно, нешто што не го ни познавам... Не дека сега тоа толку ме прогонува и ме мачи, навикната сум одамна, ама ете, би сакала и такво пријателство/роднинство, и блазе си им на оние што имаат.
И уште е почудно тоа што знам дека никогаш и нема да имам брат и/ли сестра, дека не можам ништо да сменам, и максимум што можам е да имам повеќе од едно дете за тоа да не се почувствува така.
На ова ме поттикна постот на Dooce, која е бремена и многу убаво го има опишано она што го мислам:
Mostly, I am excited that this baby will have you as an older sister, and not just because you will both need someone to call to complain about the fact that your parents are nuts. Sure, there will be times when you'll both try to kill each other either through physical brutality or embarrassment, but I know that at some point this baby is going to look up to you and think you are the coolest thing that ever walked on the planet. And while there is no way to predict the lasting dynamic of a relationship between siblings, I can only hope that you will have with this one what I have with my own, a bond so strong that it doesn't even matter that we have nothing but our parents in common. They are lifelines, people who were there, who were witnesses to everything that made me who I am, and I am the same for them in return. Is the relationship perfect? No, but we all know that we would sacrifice anything for each other, and one of the many reasons we decided to have another child was to give you the possibility of that friendship.
No comments:
Post a Comment