Friday, August 24, 2007

Monday, August 20, 2007

Back to life

Некако ме мрзи да напишам еден пост-одмор пост, па затоа бујрум еден линк, еден од моите поомилени :)

Friday, August 3, 2007

Kool Thing

Деновиве го разгледувам лајн-апот на INmusic festival во Загреб, ги проверувам можностите да се отиде таму и размислувам за веројатноста да се случи ваков настан и во Македонија... no way!

Мислам дека и не се работи само за организациска способност, финансиска моќ или доволно голем интерес кај публиката, туку дека е и подалеку од тоа. Ако добро се сеќавам, Дејан Дуковски еднаш кажа дека ако Балканот е газот на Европа, тогаш Македонија е чмарот. Изгледа некои земји едноставно не се на културната мапа од светот, или фигурираат по потреба, како знак за добродушноста на "големите земји" кои ете, овојпат му дозволуваат и на Балканот по нешто (еве, повелете Beastie Boys во Србија, !!! во Хрватска, и доста ви е, престанете да се жалите!).

Ми текнува на Хоми Баба и Гајатри Спивак и сите теории за субалтерните идентитети, локацијата на центрите на моќ, локацијата на културата, деконструкцијата на бинарноста од типот центар/маргина итн итн, ама што со тоа... Најзаебано е што најчесто, додека не дојдеш во центрите на моќ не може ништо ни да кажеш, ни да направиш, ни да уништиш.

И тоа е најголемата замка на постколонијалната теорија (која многу ја сакам) - додека Хоми Баба не отишол во Англија никој жив не сакал да го чуе. А не е тоа поентата! Поентата е, меѓу другото, дека моќта за создавање дискурс треба да се дистрибуира и подалеку од воспоставените центри за создавање дискурси - Сорбона, Оксфорд, Принстон...

И тука некаде е и личната замка на Хоми Баба - после сите негови тези и теории, станува професор токму на Харвард. Изгледа побитно е да се едуцираат белите англиски аристократи со доволно пари кои најчесто студираат од досада и навика, а не и сиромашните индијци, парагвајци, македонци итн итн кои едноставно не можат да си дозволат да студираат надвор од "дома"...

И исто како што САД и ЕУ може секоја вечер да ги слушаат Sonic Youth, ние Другите треба да се потегнеме дури до Загреб, светото место одбрано за овој фестивал, и да бидеме благодарни што е во земја за која се уште не ни треба виза.

Сепак, се знае каде треба да бидеш за да бидеш чуен, односно каде треба да бидеш за да чуеш:

"I mean, are you gonna liberate us girls
From male white corporate oppression?
...
Fear of a female planet?
Fear, baby!"

Wednesday, August 1, 2007

Моето денешно мени досега

  • чаша цеден сок од портокал
  • две праски
  • кафе
  • 0.5l ab cultura
  • MyWay сендвич со црно лепче, MyWay премаз, 4 вида сирење, марула, патлиџан, краставица, пиперка, црвена зелка, бела зелка, морков, маслинки
Ме чека и cheese cake, подарок од MyWay заради тоа што доцнеа. Ммм...

Tuesday, July 31, 2007

Ora-Ito













Кога ќе си купам лаптоп, сакам на поклон едно вакво.

Thursday, July 26, 2007

Отсекогаш сум ја барала оваа песна, и конечно ја најдов!

Јас, Амнести

Денес повторно се најдов во ситуација да се објаснувам и правдам себе си заради тоа што се декларирам и доживувам како феминистка.

Смачено ми е од луѓе кои почнуваат реченица со "А бе јас не сум феминистка, ама..." и после кажуваат нешто многу мудро, толерантно и модерно, од типот дека жените треба да си ги бараат своите права или дека треба да имаат иста плата како мажите. Аман веќе! So last century!

Смачено ми е од луѓе кои викаат дека не може ништо да се направи и дека треба да се соочиме со "фактот" дека 90% од мажите се шовинисти и тоа е тоа. Глупости! Знам дека нема критична маса за реално да се смени нешто, но тоа не значи дека не треба да се создаде и да се проба.

Смачено ми е од ставови на луѓе кои не се ни доволно упатени во најновите теории/акции и се уште тапкаат во место со она што го слушнале за феминизам, а не се доволно open minded за да погледнат малку подалеку. Тоа што ваквите теории може да се гледаат како буржоаска забава не значи дека треба од старт да се дисквалификуваат.

Не патам од месијанско-просветителски идеи дека еве готово, јас ќе го сменам светот, но одбивам да седам малодушно и да го прифатам тоа што ми се сервира. За некои нешта не сакам да правам компромиси, и баш ме заболе што мислат другите за мене.