Thursday, July 26, 2007

Јас, Амнести

Денес повторно се најдов во ситуација да се објаснувам и правдам себе си заради тоа што се декларирам и доживувам како феминистка.

Смачено ми е од луѓе кои почнуваат реченица со "А бе јас не сум феминистка, ама..." и после кажуваат нешто многу мудро, толерантно и модерно, од типот дека жените треба да си ги бараат своите права или дека треба да имаат иста плата како мажите. Аман веќе! So last century!

Смачено ми е од луѓе кои викаат дека не може ништо да се направи и дека треба да се соочиме со "фактот" дека 90% од мажите се шовинисти и тоа е тоа. Глупости! Знам дека нема критична маса за реално да се смени нешто, но тоа не значи дека не треба да се создаде и да се проба.

Смачено ми е од ставови на луѓе кои не се ни доволно упатени во најновите теории/акции и се уште тапкаат во место со она што го слушнале за феминизам, а не се доволно open minded за да погледнат малку подалеку. Тоа што ваквите теории може да се гледаат како буржоаска забава не значи дека треба од старт да се дисквалификуваат.

Не патам од месијанско-просветителски идеи дека еве готово, јас ќе го сменам светот, но одбивам да седам малодушно и да го прифатам тоа што ми се сервира. За некои нешта не сакам да правам компромиси, и баш ме заболе што мислат другите за мене.

5 comments:

Anonymous said...

Тоа ти е еден од основните проблеми со кои се соочуваат оние кои сакаат да ја променат status quo ситуацијата, а го зафаќа не само феминизмот, туку и разни други движења.

Накратко, тоа е „симпатичното“ множество на ставови и луѓе кои ја интерпретираат постоечката состојба како инклузивна за маргинализираните... и само потребно е време... и тоа што е највашно - надеж... на оние кои треба да чекаат нештата да се подобрат.

bluessence said...

@ котле

Да, знам дека е така, но она што посебно ми пречи - не стигнав да напишам во постот - е ставот на поголемиот дел од околината дека некои битки се вредни за водење, а други не. Односно, ако активизмот има некаков политички предзнак, се е супер, пошто тоа е битно, но ако се бориш за жените, мажите, педерите, лезбејките, трансексуалците и се што стои помеѓу или надвор од ова, тогаш битката и не е баш толку важна - без оглед на тоа дека at the end of the day, гледаш дека и те како тоа е една иста битка.

Ми пречи ставот дека џабе ми е мене што се бунам за ова-она, кога не одам да им купам јадење на луѓето што штрајкуваат со глад. Од една страна, не дека не држи вода тоа, но од друга страна пак, мојот животен (активистички) проект го препознава она што му е поблиско и што (се надева дека) може да го смени. Ми пречи ставот дека јас, и малкуте други како мене, од што сакаме да теоретизираме и полемизираме сме решиле да бидеме "феминистки", а не дека е стварно важно.


@ владимир

може абсинт?
:)

Anonymous said...

Колку само глупавштини имам слушнато од луѓе за феминизмот ама едно згрешив- требаше уредно во тетратка да ги запишувам. Тоа е бестселер мај диар.
Проблемот е што луѓето се дрзнуваат да судат за работи кои не ги познаваат. Еднаш се расправав со една таква овца на блог која се декларираше како анти-феминистка затоа што немала потреба да ги мрази мажите (???) WTF!!! Нејсе...се расправаваме ама нели ко пшо обичај џабе. И токму во таа прилика и реков дека не би можела себе си да се декларирам како анти-драјфусофка или драјфусовка ако немам благе везе за аферата Драјфус. Нон сенс...ама пак не ме укапира :)
И така на крај се сведува самиот поим феминистка на две три искривени слики кои лесно се продуцираат и размножуваат во свеста на површните луѓе.
Него Саш се вратив јас, ај да се видиме! Пиши!
Фемгерилата

Vladimir said...

Прво, околу абсинтот, deal done.:)

Сега малку посериозно околу темите (идеологија,уверување,активизам итн).

Значи, за да не ги цитирам целите пасоси од коментарот, ќе цитирам три почетока, притоа (НАГЛАСУВАМ) без намера да вадам од контекст, нешто за што често сум бил обвинуван во минатото.

“...но она што посебно ми пречи...“
“...Ми пречи ставот дека џабе ми е мене што се бунам за ова-она...“
“...Ми пречи ставот дека јас, и малкуте други како мене...“

Не викам дека ставовите на другите не треба да те допираат, но во никој случај да ти пречат или па тоа јавно да го прикажуваш.

Секое НАПРЕДНО движење за промена на status quo се соочува со истите пречки/проблеми од страна на останатите.

Но, според мене, ако така и треба. Во тоа е и убавината. Тука се истакнува вашата/нашата прогресивна и просветителна мисија. Тука се изразува големина на тоа што го правите/ме.

Од една страна стално ќе има одредена голема маса на луѓе во чии очи нема да бидете/ме разбрани, но сепак тоа не е причина да се откажете/ме од тоа за што се залагате/ме.

И да, мислам дека треба во секоја прилика да се ОБЈАСНУВАШ (некои би рекле да се ПРАВДАШ) за тоа што го правиш, за тоа што се залагаш. Според мене, така само ќе се отргне МАГЛАТА и мистификацијата околу она за кое што се залагаш.

Не треба да ве/не плаши повеќе зборење, постојано повторување и докажување. На некој ќе му стане јасно од првиот пат, на некој од петтиот, а на некој никогаш нема да му стане јасно. Боже мој, не сме сите со ист ментален склоп и со иста желба за разбирање и за прифаќање на промени.

На ниедно напредно движење за промена не му било лесно. Не им било лесно на КАПИТАЛИСТИТЕ кога им се објаснувале на феудалците и аристократите. Не им било лесно на КОМУНИСТИТЕ/СОЦИЈАЛИСТИТЕ кога им се објаснувале на капиталистите. Исто така не им било лесно ниту на МУЛТИКУЛТУРАЛИСТИТЕ/ПОСТКОЛОНИЈАЛИСТИТЕ/ФЕМИНИСТИТЕ кога им се објаснувале на конзервативците.И така натаму , да не должам повеќе.

Активизмот (како и да го сватите) не е лесна работа. Бара време.желба и пред се доста НЕРВИ. Но ако, само така може да се донесе светлина во мрачните делови на општествениот менталитет.

Брее се распишав. Ајде доста е тука, ако треба можда после пак. :)

bluessence said...

Еј, стварно! И со овие што ме поттикнаа на постот беше сличен муабетот - не можеле да се изјаснат како феминистки пошто они ги сакале мажите :) Глупости, ама ајде де!

Јао, не ни приметив дека скоро секоја реченица ми почнува со тоа дека нешто ми пречи! Може ми е узречица, ама може и па сигнал за (не)скриен гнев во мене :)

Инаку да, факт е дека треба постојано да се правдаме и објаснуваме, ама пошто јас не сум баш едукативно настроен и стрплив тип на човек, а уште помалку па сакам да продавам памет, тоа некако тешко ми оди :)