Сега се чувствувам под прилично голем притисок заради најавуваниот и прерано коментираниот мој текст за Бојан, па решив да седнам и да го напишам тоа што сега ми е во глава, макар што не ми е многу многу дефиниран ставот :)
Мене Бојан отсекогаш ми бил невидено глуп/евтин/мрсен/се по ред сељак, и факт е дека сеуште е (барем во мојот pop culture analysis свет), ама по Невестата во петокот, мислам дека Бојан се претвора во знак, на ниво на културен симбол.
На некое прво, синтагматско ниво, Бојан многу добро сфатил што може, а што не може да постигне во животот и уште подобро сфатил како функционира нашата медиумски и чаршиски конструирана култура. Со оглед на тоа, решил во тие рамки да го извлече максимумот за да го оствари тоа што го сака - слава, моќ, публицитет... Мене сето тоа ми е бедно, ама тоа се некои мои критериуми што немаат врска со неговиот живот и избор во животот, па се што можам да кажам е - браво за него, respect затоа што е успешен во тоа во кое сака да биде успешен.
Е сега, она што е поинтересно кај него е другото ниво на толкување, односно македонската поп consumer култура гледана во поширок контекст, во кој Бојан добива функција на симбол - симбол на нејзината испразнетост. Нештата кај нас се до толку отидени во курац, што, - не сум сигурна дали вака импулсивно пишувајќи ќе се објаснам како што сакам - Бојан во суштина, го критикува сето она што тој го претставува. Односно, во контекст на актуелната ситуација - ситуација на Лила, Турунџиева, Весна Петрушевска, Петар не-знам-како-се-презива, па и Тони Михајловски - кои заедно со Ели-водителките (Ели Пешева&Танаскова) се shit водители, но популарни и "квалитетни" со рејтинзи повисоки од Lost и идеја за естрадна фаца - манекен (испразнет од став/мислење/..., а полн со наводно провокативни прашања што до крај на емисијата стануваат газолижачки коментари). Бојан толку многу го апологизира сето ова што тоа станува критика. Оваа појава ретко се случува, ама еве, ја имаме - Бојан е олицетворение на идејата за македонскиот водител, а во исто време и негова пародија, и тоа е она што мене тотално ме фасцинира! Затоа мислам дека Бојан е симбол, зашто во него се обединува и врвот, и падот. И ќе си продолжи така се додека не ја направи идејата за водителство скроз апсурдна - или барем ќе покаже дека е веќе одамна апсурдна (со надеж нешто да се смени во иднина, па да имаме и водители со памет, а не само со цицки и вештачка коса). За жал, самиот Бојан не е свесен за тоа каква функција врши во нашата култура, ама ете, јунаците не се секогаш свесни за своите дела :)
Затоа, Бојан за претседател! Јееееееее! Урда за Бугарите, сирење за Македонците!
пс
а Невестата ми беше повод зашто тоа е ultimate симбол - нема ништо побитно во животот на секоја девојка од денот на свадбата, тоа е момент на пресврт - толку е супер, што е ужасно. Наводно славење на љубовта, а во најголем дел од случаите, официјализирање на стравот. Затоа Бојан е супер, зашто конечно покажа колку сме празни!
8 comments:
Прво не ми се верува дека веќе се разви дискусија за Бојан. Па сите ли го гледаме. Јас случајно го видов дека е облечен во невеста. Ај си викам можда ради 1 април. Ама бре овој се внесе во улогата. :)
САШКА: Бојан се претвора во знак, на ниво на културен симбол.
Симбол формерли ноун ез д Бојан 13-ка. :)))
Што е успешен Бојан, Сашке. Во ебанава држава успешни се 90% од оние што некој им дал пари, као Бојан. Затоа но риспект. Од нула да почнеш и да не завршиш како нула. Тоа е тешкиот момент.
Али мене ме плаши тоа што емисијава на „пчеличката Маја“ (ми личи на трут по конституцијата на телото) ја даваат во време кога гледаат и мали деца. Треба да му стават една 18-ка таму у лев ќош. Па после 12 навечер да оди у етер. Ќе се потераат деца да се облакаат како него, ќе се претворат у травестити. Само некој од мовие братучеди стане како него, ќе ги фрлам у Вардар и нив и Бојан и 13-ката и А1.
Држи вода се што кажа.
Јас само претходно, во коментарите на претходниот пост, зборев дека Бојан има идентитет. Каков - таков. Тоа беше само моја реакција, околу Бојан и идентитетот.
А тека е отидено цело општество у курац, точно е. И морал, и се.
Страшно е тоа што Бојан иде во 21 часот на ТВ, исто како што е страшно што во вестите во 15 и 19 часот, гледам 10 месечни бебиња, разнесени без глава и раце.
Тоа ти е. Факинг Prime time и факинг желба за сензација и привлекување на внимание, зголемување на гледаност па макар било тоа и со Бојан(а).
За крај, не ми ја “вреѓај“ пчеличката Маја, споредувајќи ја со Бојан(а). :)
За вестите се слагам дека има премногу насилство, ама тоа се информативни емисии, каде не можеш да не го прикажеш тоа што се случило, а и воопшто не се работи за сголемување на гледанот, туку чисто за прикажување факти, колку и да се сурови. А овој, ни ги искривува вредностите во општесвото, ако уопште има неискривени. Додуше емисијата му спаѓа во забавни, а забавна е, да не беше 13-ка толку трагичен.
Тука е битен issue и тоа какви телевизии (без концепт) имаме - толку се очајни уредниците (каква иронија - Весна Петрушевска е програмски директор на Канал 5, на пример) што посегнуваат по сите можни начини да зголемат рејтинзи и да земат пари од реклами за време на емитувањето...
Бојан не би бил тоа што е без целиот бекграунд - почнувајќи од парите на татко му па се до телевизијата што му дозволила да се истакне, па дури и го премести во погледан термин, порано. Кој како си ја наредил!
А за последиците на гледачите - се согласувам со Владо дека вестите и насилството таму е далеку подискутабилно. Сексуалноста, насилството и војната се многу тесно поврзани, ама се некако толерираме војна и насилство, а не ја толерираме сексуалноста во сите нејзини изрази.
Стварно е смешно кој е се уредник, а таа Весна ги пуштила оние двајцата њу блад вртелешка, и уште помпезни реклами направила. Па тие бре не знаат две реченици да сврзат, се здркуваат кога поставуваат прашања, кои и онака им се глупави. За вестите прокоментирав, а за сексуалноста се согласувам дека премногу се гледа како нешто страшно. Според мене сите подоцнежни сексуални девијантни појави се продукт на неедуцираноста, која се стекнува и преку телевизијата. Абе и Бојан е секси за некои забегани. :))))))
А бе Бојан има девојка! И тоа онаква - средена, стегната, слаба, згодна! Да не ти се верува :)
А тие двајцата се страшни - како да тоа што се "млади, згодни и убави" ги прави доволно добри да бидат водители... Затоа го спомнав Бојан во контекст со нив, зашто нивната умерена сексуалност и способност за водење ја доведува до екстрем и ја пародира, на некој начин. А таа Ана колку е un-sexy, па тоа чудо едно!
Бојан има девојка? Кој самиот си е на себе девојка? Ќе се мажи за себе. Или и таа е некое машко?
Еј, Ана е un-sexy, ајде нека е, ама типот не го прокоментира, што он да не е посекси од мене. :)))))))))
Тој типот Петар е за Даниела, таман од Велес! Едиснтвената разлика помеѓу него и Бојан е само во телесната маса - исто се облекуваат и однесуваат :)
Post a Comment