Сигурно некои мал милион пати ја имам гледано рекламата за Бонукс Актив, и требаше баш толку гледање за да приметам што е пропозицијата по која тој прашок се издвојува од останатите, или usp, профи кажано.
Значи, во рекламата се комуницира дека Бонукс ги отстранува сите маснотии.
Целиот комуникациски концепт се базира на Марија, убер-домаќинката, која е главен лик во секоја Бонукс Актив реклама, зашто нормално, никој не би му верувал на маж домаќин - тој мора да е папучар и пичица како Тошо Малерот, потврда на идејата дека вистинската домаќинка треба (читај: мора) да биде жена. Да не навлегувам во муабети за тоа што е маж, а што жена, и дали има нешто трето или шеснаесетто.
И ај што се поставува како света должност чистењето на околината (во овој случај облеката) како конститутивно-итеративен механизам на патријархалниот хетеросексистички концепт и локализирање на женските пракси во фамозното розево гето (Бети Фридан), иако ништо само по себе не е нечисто (Мери Даглас), туку се оди и понатаму.
Креативната финта на спотот, или catch, повторно профи кажано, е во тоа што прашокот за жал, не ги отстранува маснотиите на колковите, нешто што као треба да не насмее. Но, ова всушност го потврдува и зајакнува притисокот на Cosmopolitan културата во која еден од најголемите гревови е да имаме маснотии на колковите. Тотално нема потреба да се инсистира на оваа премиса, посебно пак во реклама за прашок за облека?!! Ај во реклама на Dove, L'Oreal, Nivea и слично - ок, логично, ама тука? Зошто, побогу?!
Ама не, не ми беше ни ова повод за мрчење (каква дигресија...) кое е многу посмешно од овие сериозни теми, а тоа е вистинската пропозиција на прашокот, дека ги остранува и НЕВИДЛИВИТЕ МАСНОТИИ (?!).
:)
Колку јас што знам, маснотиите на облеката не можат да бидат невидливи! Ама ајде, for the sake of the argument, да речеме дека се. Е сега, ако земам Бонукс Актив и ги исперам невидливите маснотии на маичката, како ќе знам дека се испрани, кога се невидливи in the first place?! :))))
Ми продаваат решение на невидлив и непостоечки проблем, каква иронија :) Додуша, ова го прави поголемиот број реклами, многу јасно дека секој сака да продаде и ќе направи се во таа света цел, ама можеле барем мааалку поверојатна пропозиција да измислат и да кажат дека штознам - ја подобрува микроскопската структура на облеката, ги зајакнува влакната и текстурата, чисти подлабоко од останатите и слично - нешто на што лаички, може да наседнам, ама невидливи маснотии?!!
Не знам, ама мене ми е многу смешно. И секако нема да купам Бонукс Актив за моите алишта :)
2 comments:
Otkako go kaza i jas se setiv.
A tocno deka milion pati ja gledas reklamata i ne ti bode vo oci toj - ni pomalku ni poveke - glupav moment, ama ete...trebase ti so tvojot besprekorno analiticki (btw odlicen) pristap da mi potvrdis deka mojot izbor na nekupuvanje Bonux bil pravilen.
merci
a заборави да ја кажеш синхронизацијата... загреота
Post a Comment