Friday, March 23, 2007

дожд

Денес сабајле, кога поминував покрај руските згради во К4, одненадеж се појави мирис на цимет и ванила, мирис на нешто благо, свежо печено, само што извадено од рерна.

Во еден многу мал дел од утринското сивило и дождот се разлеа топла, домашна атмосфера и сигурно во некоја од домите има некое бапче што си меси и си прави насабајле убави благи работи... Многу сакав да бидам таму, во пижами, само што разбудена, и си земам од тоа печеното и гледам цртани филмови и репризи на семејни комедии... И после бапчето да ми раскажува за тоа како кога била млада, оделе на игранки и се допишувала со некој војник, и да ми покажува слики од на времето...

Ама, мирисот исчезна, со него и бапчето и благите, а јас ионака многу доцнев на работа.

1 comment:

Anonymous said...

lele kolku ubav tekst...aaa...kolku dobro doloveno chuvstvo, mirisot mmm...