Многу сакам кога ќе ми се поклопат некои нешта. Еден таков супер пример е Frasier.
Ја обожавам серијата и едвај чекам да дојдам дома пред 6 (што јбг, многу ретко се случува) за да ја гледам. Ми се свиѓа се - од ликовите, сосем доволно цинични и невротични за да се идентификувам со нив и истовремено да им се смеам, преку до сценаријата и one liner-ите што се неверојатно добро напишани, онакви какви што се надевам дека еден ден и јас ќе успеам да напишам, па се до локацијата - супер што е во Сиетл, иако Њујорк делува како прв и единствен избор, сепак премногу предвидлив за ваков концепт на ситком.
Иако го гледам со задоцнување, многу ми беше мило кога сконтав како Frasier ми поврзува многу минати и сегашни ствари за мене.
На пример, видов дека од тука црпеле сите подоцнежни ситкоми кои сум ги сакала (Frasier was voted by sitcom writers, producers and actors as the greatest sitcom of all time in The Ultimate Sitcom, 2 January 2006 ).
Дознав дека е продолжение на Cheers, ретко добар ТВ призор што за чудо, сме го гледале сите тројца дома со уживање.
Кучето Еди е всушност Jack Russel териер, баш како што ме одреди мене еден тест за кучиња!
Доживеав déjà vu кога го видов станот, потполно ист како мојот имагинарен стан што отсекогаш сум го имала во глава?!
Итн, итн...
И врв на се ќе биде ако денес не ја изгледам новата епизода :)
No comments:
Post a Comment