Сакав уште некој ден да си се радувам на BabyPhat патиките, ама толку ме изнервира кампањата на глупиот Фиат што не можам да не реагирам.
Политиката на телото во адвертајзингот ми е и повеќе од јасна, но ова e too much... Па добро бе, зарем единствен начин да се комуницира голем сончев покрив е со "големи" луѓе? Зарем на некој ова му е смешно или интересно? The largest sun roof you have ever seen? The largest people you have ever seen?
Fuck me, не сфаќам. A можда и претерувам...
Најголем дел од комуникацијата за коли се сведува или на брзината, или на пространоста. Досега сум видела мал милион креативни (смешни, несмешни - whatever) начини да се покаже големината на просторот на колата, било тоа да е багажник или сончев покрив, и ниедно од решенијата не биле вака дрски, безобѕирни и нетолерантни, во најмала рака неинтересни.
Да не зборам што advertising & sales wise, ова не верувам дека ќе ја продаде колата.
No comments:
Post a Comment