Порано, кога на телевизиите даваа Сали Џеси Рафаел, Хералдо или Џери Спрингер, мислев дека дневните talk-show емисии се беден изговор за телевизија, дека се евтина забава и дека никогаш од тоа не може да излезе нешто добро.
Е сега, и Опра ја ставав во таа категорија емисии се додека вистински не ја изгледав. Толку ме зарази со нејзината харизматичност и искреност што сега, после неколку години и не којзнае колку изгледани емисии, се радувам на моментите кога случајно ќе ја начекам на тв. Можеби е патетична, можеби е лажно искрена, можеби е сето тоа маска за повисоки рејтинзи, но Опра има некаков начин да се постави блиска до луѓето, да искомуницира и да инспирира. Сеедно дали збори за тоа кои витамини треба да се внесуваат, кој е последниот филм на Ума Турман или кој се е на most wanted листата на fbi, од неа секогаш може да добиеш позитивна енергија.
Мене посебно ми се свиѓа нејзиниот сајт, со сета негова шареноликост и хаотичност на теми, а она што денес посебно ми се се допадна се неколку цитати што некако убаво ми дојдоа. "Let the beauty we love be what we do. There are hundreds of ways to kneel and kiss the ground."
Rumi
"Behind all this, some great happiness is hiding."
Yehuda Amichai
"If you hear a voice within you say, 'You are not a painter,' then by all means paint…and that voice will be silenced."
Vincent Van Gogh