Tuesday, January 22, 2008

Where Is My Mind

Се залауфав со пишување, машала!

И сега се урочив и цела недела нема ништо паметно да напишам на работа, ама затоа на блог имам милион постови... Duh!

Него, го најдов ова и прилично ми ја опишува анксиозноста во периодов кој сега за сега, нема крај...

Додуша, добивам желба да го скршам, ама сепак... супер идеја.

Monday, January 21, 2008

The President Doesn't Wear Prada

Како дел од претседателската кампања, Хилари Клинтон имала закажано снимање и во Vogue, и тоа ни помалку, ни повеќе - туку од Ени Либовиц (!). Но, Хилари мудро го откажала снимањето, плашејќи се дека може да делува "женствено", а со тоа најверојатно и да си наштети на кампањата.

На ова The Almighty Ана Винтур возвратила: "The notion that a contemporary woman must look mannish in order to be taken seriously as a seeker of power is frankly dismaying."

Баш не го очекував ова од неа. Мислам на Ана Винтур :)
Но, за пофалба е што малку по малку, дури и во бастиони од типот на Vogue се појавуваат вакви ставови.

А за Хилари... не знам. Мислам дека не е доволно некој да биде жена за да биде изгласан/а за претседател/ка. Пре би гласала за Опра. Опра е и црнец, и жена! :)))

Се прашувам која наша политичарка би можела да се слика во Vogue... Ганка? Радмила?!! Фуј, мразам политика. Ама би ја сликала онаа од МВР. Не за друго, него тоа би било единствен начин да и се издепилираат мустаќите :)

Sunday, January 20, 2008

MiniMe

Од кога знам за себе имам неописиво голема фиксација за мали простори и нешта со кои може тие да се опремат, што резултирало со серии минијатурен мебел што уште го чувам, па се до фантазии како да си ја уредам домата.
А кога го видов ова, одлепив тотално.
Ич не сум по чистење, ама мислам дека кога би го
имала ова дома, постојано би си играла-чистела. А штипките - па не знам, иако не се минијатурни, радо би пружала алишта со нив. Најверојатно заради Едгар Алан По.