Не ја гледам поентата, ама ај.
Правилата, кои нема да ги испочитувам до крај, се:
* земи било каква книга во непосредна близина
* отвори на 123 страница, ако има
* јасно прочитај ги првите 5 реченици кои почнуваат на страната
* следните три, после петте, вкуцај ги на блог
* наведи го насловот и авторот на делото
* тагни следни 5 блогери
„... Но во однос на некои називи образувани со други завршоци, и особено ако се работи за малку познати месности, ова воспоставување на в не е потребно и не се врши. На пример: Крупејца, Кленоец, Букоик. Треба посебно да се забележи дека во нашата литературна практика надвладува употребата на заменската форма тоа; така е и во прилозите во кои таа влегува како составен дел: затоа, потоа, меѓутоа.“
Граматика на македонскиот јазик, Блаже Конески, 1996
Е сега, нема да го исполнам ова во целост затоа што: не се вика било каква, туку: каква било, а плус не знам нови 5 блогери кои би ги тагирала.