Friday, December 5, 2008

(не)време

Отсекогаш сум мразела ладно време и сум фантазирала да живеам на место кај што има вечна пролет или вечно лето. Сакам зимска облека, сакам layering и капутчиња со чизмички, ама ако можe, одма ги менувам за купачи и апостолки :)

И иако некако физички тешко го поднесувам времето надвор и неговата променливост (метеоропатија, де), ми се допаѓа тоа што денес е петти декември, а јас штотуку видов едно дете надвор со кратки ракави.