Tuesday, November 17, 2009

cat herders

... а на ова се смеам како нездрава! :)))

Wednesday, November 11, 2009

Плачипичка

Сто пати ја имам гледано, и секој пат се наежувам...

Јазик

Ретки се моментите кога мислам дека нешто убаво може да се напише и на македонски. Нашиот јазик е тврд, груб, неинтересен, сите зборови се долги и комплицирани, не звучат убаво и ги нема доволно.

И секојпат кога ќе го препрочитам Петре, се побивам сама себе си, сфаќајќи дека до човекот е, а не до јазикот. До чувството е, а не до зборовите. До мене е, а не до што било друго...


Трето писмо

Беше тоа еден ден што траеше цела година.

A беше тоа кога помислував
дека твојата коса низ туѓи прсти
истекува ко млаз вода или ко сува пченица,
па јас останував сам и сите остануваа сами
и возовите добиваа нови и незнајни брзини
и веќе никаде не можеа да запрат;
и тревите почнуваа да ветреат во лажна прељуба
и сите ветрени коли носеа од моите боли.

A беше тоа кога помислував
дека полната светлина од твојата уста
капе и ce меша во туѓа пладнина,
па гаснеше варта во моите очни витли
и шумите слегуваа во длабоки подземја
и небесата догоруваа и реките потекуваа нагоре
и животните ме гледаа како пријател што го губат
и cè што беше мое живееше без мене.

A беше тоа кога помислував
дека веќе не можам да мислам без тебе,
па почнував да личам на сите мои предци,
на сите мои предци, a најмногу на себеси.

Wednesday, October 28, 2009

My So-Called Life

Не знам од каде оваа средношколска носталгија, ама како да ми недостига неизвесноста од животот пред себе за разлика од полуреализираноста на сегашноста :), милионите отворени опции, вратите кои нема да се отворат и меланхоличното секојдневие...

Ми текна на My So-called Life и убаво ми дојде.
Ја обожавав Анџела Чејс!!! Ја чекав секоја недела во 12:00 на МТВ, со наместено видео и касета, со прст на копче за да почнам да ја снимам во истата секунда во која ќе почне зашто ако задоцнам и не ја снимам и шпицата, нешто страшно ќе се случи... Анџела Чејс ми беше role model за коса, изглед, облека, став...

Денес случајно го најдов текстот на писмото што Брајан и го напиша на Анџела во име на Џордан Каталано, и по толку години, се уште ми се свиѓа:

Dear Angela,

I know in the past I've caused you pain and I'm sorry. And I'll always be sorry 'till the day I die. And I hate this pen I'm holding because I should be holding you. I hate this paper under my hand because it isn't you. I even hate this letter because it's not the whole truth. Because the whole truth is so much more than a letter can even say. If you want to hate me, go ahead. If you want to burn this letter, do it. You could burn the whole world down; you could tell me to go to hell. I'd go, if you wanted me to. And I'd send you a letter from there.

Sincerely,
Jordan Catalano

Note to self: најди ги сите епизоди на MSCL!

Thursday, October 8, 2009

Sunday morning

Под влијание на последните зраци на сонцето ова лето, грешка - есен, би сакала секое утро да ми биде вакво... еве, ако не сите, барем неделните утра...


... или вака...


... и иако знам дека песната е напишана со сосем поинакво значење од тоа што мене ми значи, сепак ми оди со сликите...

Thursday, September 24, 2009

мммммммм!

Е значи многу го сакам и Мајкл Бубле, и песната! :)

Tuesday, September 22, 2009

Monday, August 31, 2009

Thursday, July 30, 2009

Thursday, July 2, 2009

девојчиња, учете компјутери - ќе ви се најде!

Се изнагледав владини реклами за се и сешто.

Последната што ја видов беше за тоа дека е неопходно да се знае работа на компјутери. За да се покаже тоа, рекламата е направена со исечоци од огласи во весник, со тоа што заокружено или потцртано е тоа дека во поголемиот дел од огласите се бара "познавање на компјутери".

Е сега, на страна тоа.
Забележав дека поголемиот дел од издвоените "огласи" имаат содржина од типот: се бара жена за работа во канцеларија..., се бара девојче за работа во кафич..., и слично. Ако во владина реклама тој оглас е земен за легитимен во своето барање на познавање компјутери, тогаш е легитимен и во своето барање за жена, односно девојче, односно девојка, односно каква било родова назнака!

Не ми е јасно од кога тоа владата го оправдува, легитимира, па дури и го стимулира ваквото комуницирање во јавните медиуми? Од кога тоа стана прифатливо и отворено да се бараат вработени според родова припадност? Посебно што таа реклама
некој седнал и ја работел за да изгледа како цитат на автентичен оглас, односно не е вистински исечок од огласник, туку некој го осмислил и го напишал текстот како таков. Во тој контекст, не знам што е пострашно - дали можноста во тек на работа на кампања никој (читај: владата) тоа да не го види, или можноста да е видено, ама не е регистрирано како грешка, проблем или небулоза...
Со оглед на нивото на голема инволвираност на владата во рекламите што ги прави, мене ме интересира нејзината одговорност во однос на промовирањето родова дискриминација дури и во ваквиот дискурс. Уа!

Wednesday, July 1, 2009

out of time

Понекогаш, имаш толку многу да кажеш, но никако да почнеш... Понекогаш, имаш водопад од зборови, но некаде е затнат и не може да истече... Понекогаш, подобро е да оставиш другите да зборуваат место тебе...



Wheres the love song to set us free
Too many people down, everything turning the wrong way round

And I dont know what love will be
But if we stop dreaming now, lord know well never clear the clouds

And youve been so busy lately
That you havent found the time
To open up your mind
And watch the world spinning gently out of time

Feel the sunshine on your face
Its in a computer now
Gone are the future way out in space

And youve been so busy lately
That you havent found the time
To open up your mind
And watch the world spinning gently out of time

Tell me Im not dreaming
But are we out of time
(were) out of time (x4)

Wednesday, June 24, 2009

Thursday, May 28, 2009

драфт

Колку книгите што ги читаме и сакаме се знак за нас самите?
Како моите омилени писатели ме дефинираат мене?
Што кажува за мене Вирџинија Вулф, Аманити или Кортасар?

Оваа дилема е далеку од она што е уметничка вредност, а што бестселер, дури и кога се поклопуваат, далеку од избор и право на личен вкус... Дилемата ми е во однос на тоа како одредени луѓе гравитираат кон одредени типови текстови, и што е тоа што ги влече?

Како кога ќе се изненадиш од музичкиот избор на некој што мислиш дека сека сака едно, а всушност сака шесто, или како кога на некој (не) му се допаѓа некој филм, па дури и облека... Најлесно е да се сведе се на сензибилитет и да се прифати дека ете, некој сака едно, а некој друго, но сепак, личниот избор е на ниво на знак и пренесува одредена порака за оној кој направил таков избор...

Ме мрзи да го развивам ова повеќе, сега за сега, нека стои како драфт.

Wednesday, May 20, 2009

Monday, May 18, 2009

Sunday, May 17, 2009

Патетично-непатетично, ми се допаѓа...

Note to self:

As we grow up, we learn that even the one person that wasn't supposed to ever let you down probably will.
You will have your heart broken probably more than once and it's harder every time. You'll break hearts too, so remember how it felt when yours was broken.
You'll fight with your best friend.
You'll blame a new love for things an old one did.
You'll cry because time is passing too fast, and you'll eventually lose someone you love.
So take too many pictures, laugh too much, and love like you've never been hurt because every sixty seconds you spend upset is a minute of happiness you'll never get back.

Don't be afraid that your life will end, be afraid that it will never begin!

Saturday, May 9, 2009

daydreaming

на/двор

Имам среќа работата да ми е опкружена со убави куќи со уште поубави дворчиња. Каде и да свртиш има некое убаво катче во кое едноставно знаеш дека луѓето си седат и си уживаат...

По оваа улица има две куќи што се натпреваруваат кој ќе си го среди поубаво дворот, иако и двата двора се многу мали... По улицата лево, па третата куќа од лево, има двор полн со преубави цвеќиња. Во дворот до неа пред некое време видов едно бапче што си го грееше грбот на сонце. Куќата карши имаше цел двор преполн со кокичиња, како бел тепих. А во дворот што го гледам од прозор секој ден забележав дека црешата созреа за само еден ден. Сабајлето беше обична, во 5 попладне стана полна со цветови.


И така, седејќи во канцеларија, сонувам за малку поинакви саботни утра...

Tuesday, April 28, 2009

Хаус - Шмаус

Веќе не гледам Хаус.

Никогаш не си префрлувам телевизиски симптоми на себе, не сум хипохондрик и не се измачувам (премногу) со тоа што ми е, како ми е, ама ова вчера беше Хаос, не Хаус.

Имаше една епизода во која едно девојче влегло предвреме во пубертет и тоа беше третирано како главен симптом за да откријат дека татко и земал хормони кои му испарувале од кожата, заради што и се случило сето тоа и кај неа, и кај брат и. И се е тоа ок да не мораше да поминат низ структурата од првични сто лажни дијагнози - од хормонални пореметувања, преку цисти и тумори па се до не знам што, само за да задржи серијата гледаност и сценаристите што подраматично да поентираат, без да се посвети внимание на последиците од "возењето" на гледачите.

Е сега, единствен случај кога јас сум имала хипохондрични моменти беше кога ја читав Волшебниот Рид и кога "реално" почнав да ги чувствувам опишаните симптоми. Ама вчера, кога гледав Хаус, почна толку многу да ме фаќа паника заради мојот ран пубертет и можноста да ми утнале некоја дијагноза на времето, што полудев.

Разбирам дека продуцентите и сценаристите сакаат да склопат фина приказна на која гледачот ќе се навлече, тоа е и поентата, но мислам дека масовната појава на медицинско-дијагностички програми спакувани како ТВ серии има и друга позадина. Можеби сум параноична, но мислам дека ваквите содржини само придонесуваат за создавање општа паника кај луѓето, несигурност во себе и страв. Со драматичната, експлицитна и брутална интонација која честопати има и CNN дискурс, со овие серии се потенцира краткотрајноста, произволноста и ранливоста на човековиот живот и неговата зависност од современата медицина и технологија.
Да не ти се верува, серија што конструира болести!

Не патувајте во Африка, има страшни вируси.
Немајте секс во тројка, ќе закачите инфекции.
Не излегувајте од дома, има вирус кој се пренесува по воздушен пат.
Не правете ништо, туку само гледајте телевизија која дезинформира.


Ми се допаѓа Хаус како серија, но забележав дека откако ја гледам почнав да сурфам за симптоми од лупус, хеморагична треска, атеросклероза, што не... Пред некое време се појави текст од некој лекар кој ја анализирал секоја епизода од Хаус и констатирал дека најголем дел од дијагнозите и симптомите не држат вода. Кај ме прават параноична и хипохондрична, па барем да беше сето тоа точно!

И и покрај се, вчера во рок од 45 минути полудев. Мислев дека нашите вешти лекари утнале нешто кај мене, мора да има нешто затоа што си знае Хаус: само заради тоа што нешто не се гледа на снимка, не значи и дека не постои!

А реално, знам дека сум сосема здрава и дека ништо не ми фали. И исто како што кога со CNN се чувствувам како да има општа светска војна, така и со Хаус се чувствувам како како да готово, сите ќе испоцркаме, и тоа од имагинарен вирус.
И веќе не гледам Хаус.

Thursday, April 9, 2009





Едното е предупредување што Фредерик Бегбеде го има дома за неговата мачка, а другото е дел од некоја негова полица. Остатокот од неговиот дом е овде, и многу ми се допаѓа. И љубоморам на онаа од Теа Модерна што му отиде на гости да го интервјуира...

Thursday, April 2, 2009

Wednesday, March 11, 2009

Креативно пишување

Улица

Како што кажа Марија С, сите носиме црно во Скопје.

На кратко кажано, сакам кога ќе видам убаво облечени луѓе на улица, колку и да реперот за убава облека ми е субјективен. Воопшто не се работи за "дотерување", скапа облека, бои, модели, чуда, туку за опуштеност и игривост во ставот и пристапот... На пример, кога гледам фотки од луѓе во други градови, има луѓе кои им се гледа тоа, едноставно знаеш дека се забавуваат, знаеш дека се опуштени и уживаат... За разлика од тоа, во Скопје на улица гледам луѓе за кои се некако знаеш дека се напорни, неинтересни, се замараат и себе си и другите со глупости, едноставно шират не толку негативна, колку досадна енергија. Знам дека е тесноградо и ограничено и наивно да се проценуваат луѓето според облеката што ја носат, и не сакам да го правам тоа. Едноставно, би сакала да живеам во град во кој луѓето си играат, се забавуваат, се препуштаат на убави нешта, почнувајќи од облеката па навнатре - игривост, спонтаност и незамарање (не ми текнува на поубав збор)... Ете, тоа.

Колку убав текст...

Wednesday, February 11, 2009

Happy



Топ 5 мириси

По случаен редослед:

1. трева, кога е свежо косена
2. бензин
3. кафе, првите 10 минути откако е измелено
4. Gucci Envy
5. патлиџан, на местото кај што се спојува со гранката

Wednesday, January 28, 2009

bonjour

А што друго би правела во еден ваков тмурен, мрзлив ден освен да ги живеам моите имагинарни саботни утра овде... Да, изгледа и далечно, и нереално, и скроз блесаво, но колку би ми бил досаден животот кога би го сакала само она што е достижно... А зошто па сето ова да не биде мое еден ден...