А со оглед на тоа дека за тоа пишувам на блог, не знам баш како ми оди, ама викендов веќе не отворам ФБ.
Saturday, April 17, 2010
Task
Бидејќи од денес сум на нутриционистичка диета, решив да го направам симболичен денот и да почнам и со една малку поинаква диета.
Friday, April 16, 2010
Име
Точно еден месец не сум напишала ништо тука.
Но на работа редовно везам и сценарија, и принтови, и имиња, и слогани, и настани, и што се не. Дури напишав и радио реклама за Holy Ghost!... Се плашам дека пишувалчето ми се истрошило, дека целата моја вештина за пишување сум ја дала на реклами и дека никогаш нема да напишам роман.
Деновиве пак го читам Шлинк, и се прашувам дали може требаше да завршам право или медицина за да бидам писател, зашто писател со ОКК диплома во џеб - тешко. И познавајќи се себе си, добро знам дека ако некогаш станам писател, нема да бидам дисциплинирана за да пишувам секој ден по 10 страници и нема да направам 20 неуспешни книги со испрана поезија и патетични раскази додека да се удене нешто, туку ќе бидам од оние писатели кои не прават ништо поврзано со пишување, и одеднаш пукнуваат и пишуваат една или две книги, и толку. Сега за сега, знам како ќе ми се вика романот, иако не знам што е приказната. Гравитација. Ете така ќе се вика. А познавајќи се себе си, гарант се урочувам со тоа што го кажувам името вака јавно, ама ете, добро е кога концептот има макар некаква формулација, со сите ризици на занаетот под рака.
Може сепак подобро да отворам спа центар.
Subscribe to:
Posts (Atom)