Friday, December 12, 2008

Нешто што недостига

Деновиве размислувам за тоа колку е добро да имаш брат и/ли сестра, посебно кога немаш. Јас никогаш не сум имала, и отсекогаш сум чувствувала некоја неописива празнина.

Не е тоа страв од осаменост, ниту пак потреба за инстант друштво, туку некоја чудна, специфична потреба да имам некој што е пораснат во исти услови како мене, некој што е како мене, ама не е како мене, некој што ме знае и познава објективно и на исто ниво, без да раскажувам која сум и каква сум, некој што ќе ме нервира и што нема да се труди да остави не знам каков впечаток, некој што ќе ми биде сојузник, со кој имам ќе имам некакво сродство поблиско од она со братучеди... Можеби идеализирам, можеби не знам што зборам, ама сепак...

Иако имало моменти во кои сум си викала супер што немам ни брат, ни сестра, сепак, at the end of the day, ми недостига нешто недофатно, нешто што не го ни познавам... Не дека сега тоа толку ме прогонува и ме мачи, навикната сум одамна, ама ете, би сакала и такво пријателство/роднинство, и блазе си им на оние што имаат.

И уште е почудно тоа што знам дека никогаш и нема да имам брат и/ли сестра, дека не можам ништо да сменам, и максимум што можам е да имам повеќе од едно дете за тоа да не се почувствува така.

На ова ме поттикна постот на Dooce, која е бремена и многу убаво го има опишано она што го мислам:

Mostly, I am excited that this baby will have you as an older sister, and not just because you will both need someone to call to complain about the fact that your parents are nuts. Sure, there will be times when you'll both try to kill each other either through physical brutality or embarrassment, but I know that at some point this baby is going to look up to you and think you are the coolest thing that ever walked on the planet. And while there is no way to predict the lasting dynamic of a relationship between siblings, I can only hope that you will have with this one what I have with my own, a bond so strong that it doesn't even matter that we have nothing but our parents in common. They are lifelines, people who were there, who were witnesses to everything that made me who I am, and I am the same for them in return. Is the relationship perfect? No, but we all know that we would sacrifice anything for each other, and one of the many reasons we decided to have another child was to give you the possibility of that friendship.

Friday, December 5, 2008

(не)време

Отсекогаш сум мразела ладно време и сум фантазирала да живеам на место кај што има вечна пролет или вечно лето. Сакам зимска облека, сакам layering и капутчиња со чизмички, ама ако можe, одма ги менувам за купачи и апостолки :)

И иако некако физички тешко го поднесувам времето надвор и неговата променливост (метеоропатија, де), ми се допаѓа тоа што денес е петти декември, а јас штотуку видов едно дете надвор со кратки ракави.


Thursday, November 13, 2008

мисли и мислички

Растргната помеѓу потребата да го искажам својот став и потребата да заработам наречена If you can't beat them - join them, во последно време интензивно размислувам за тоа како може да придонесам за мир во светот, колку и lame да звучи тоа. Досега, ми текна само дека тоа го можам преку некаков вид саботирање на самата себе си, во смисла - by day, работам нешто, додека by night, правам герила која него го критикува.

Во недостаток на поддршка, средства, начин, а пред се моја храброст и одлучност, им се воодушевувам на оние кои успеале да направат нешто што реално има смисла и значење и нешто што се обидува да го прави светот подобар, наместо обратното...

Инспирирана од http://www.oktavillagetravel.com/index.htm, супер идеја зад која се уште не знам кој стои, постирам и видео на Gnarls Barkley. Освен тоа што само по себе ми се надоврзува на муабетот, ме потсетува и на нешто друго, односно на еден друг проект на Brian Burton - Danger Mouse од Gnarls Barkley.



Заедно со Banksy, пред некое време типот направил лажни цд-а од Парис Хилтон во кои интервенирале и во музиката, и на оригиналните фотографии - на пример, ако во оригиналот Парис Хилтон чекори и позира пред група папараци, во ова чекори и позира пред група бездомници, и многу други такви примери. Направени во само 500 примероци, квази цд-та биле скришно подметнати помеѓу вистинските и луѓето што ги купиле немале поим што е и како е, а сега веќе не може да се најдат ни за лек...


Се надевам дека еден топол сончев ден, можеби дури и овој денеска, ќе смислам како ќе го направам светот поубав и како Сандра Булок ќе кажам "... and world peace!"

Monday, October 27, 2008

Tuesday, October 14, 2008

ts eliot



Понекогаш, у
баво е кога не правиш ништо...

Saturday, October 11, 2008

Подарок

Обожавам да давам убаво спакувани подароци... Едвај чекам да бидат отворени...

Monday, October 6, 2008

Friday, September 26, 2008

http://www.peta2.com/feat/hug/




Секој последен петок од септември е Hug a Vegetarian Day :)

Thursday, September 4, 2008

Wednesday, August 20, 2008

Monday, August 18, 2008

...

Не сум сигурна кои се границите на креативноста, и иако ова звучи како оксиморон, бидејќи креативноста, нели, нема граници - мислам дека е многу соодветно за моето секојдневно пишување како дел од "creative department" vs. нештата што стварно сакам да ги напишам. Ама, сабајлево наидов на еден убав текст за создавањето и за тоа какви се креативните луѓе. Ме мрзи да го раскажувам, па го ставам само најдобриот дел.

"This idea to create something is not my aim. To be different is a negative motive, and no creative thought or created thing grows out of a negative impulse. A negative impulse is always frustrating. And to be different means 'not like this' and 'not like that.' And the 'not like'--that's why postmodernism, with the prefix of 'post,' couldn't work. No negative impulse can work, can produce any happy creation. Only a positive one."

Friday, August 15, 2008

Art - Schmart

И уште неколку добри идеи. Овие двајца се скроз одлепени, посебно ми се свиѓаат снежните топки/глобуси...

Thursday, August 14, 2008

Sophie Calle

Одамна ја знам Sophie Calle, искрено, не знам од каде, и уште поискрено, ја знам само површно. Дури денес почнав да и ги разгледувам стварите што ги правела и скроз сум фасцинирана, посебно кога во нејзините проекти пронајдов и препознав некои мои стари идеи, и посебно кога видов дека работела со Пол Остер, кого го натерала да измисли фиктивен лик кој таа ќе се обиде да го живее... Лудо.

Wednesday, July 9, 2008

Friday, July 4, 2008

Прозорец кон светот, прозорец кон себе

Од кога знам за себе, околу мене имало книги.
Сликовници, бајки и народни приказни, книги за детски дружини, романи за походи и освојувања, енциклопедии за непознати народи и неоткриени предели, речници и лексикони, бескрајно долги комплети на мајка ми (Перл Бак...), бескрајно долги комплети на татко ми (Ремарк...), прирачници за водење војна и за шпионирање,
готвачи и спортски енциклопедии...

Некако природно ми дојде и јас да почнам да собирам книги и секогаш тоа ми било побитно отколку што и да е друго што може или треба да се купи... Дури имав и еден период во кој цената на сите нешта (што не се книги) ја споредував со цената на одредени книги што ги сакам и секогаш наоѓав изговор или оправдување да ја купам книгата.

Книгите ги подредувам на мој специфичен и необјаснив начин. Не е по азбучен ред (досадно), не е по жанр (предвидливо), не е ништо опипливо. Најблиску до тоа е ликот на Џон Кјузак во Хај Фиделити кој ги реди плочите по ред на купување, но тоа не е целосно така кај мене...

Сабајлево прочитав
текст од некој тип што има огромна библиотека од 30.000 наслови и таму најдов многу од моите ставовови, размислувања и емоции во врска со книгите, библиотеките и редењето, посебно тоа дека библиотеката и распоредот на книгите е еден вид автобиографија и обид да се каталогизираат сеќавањата... Книгата ја содржи емоцијата на периодот во кој е читана или купена, ја има сликата и мирисот на денот кога сум ја посвоила и емоциите што сум ги живеела тогаш гравитираат околу неа како облак...

Мојата географија на книгите и полиците е магловита, нејасна и имагинарна можеби, но мене ми е многу строга. Ги редам по ред на купување, да, но ги групирам и прегрупирам по емоциите или инстинктот што го имам во периодот, колку и да звучи тоа сулудо. Некои книги ме влечат кон одредено место на некоја полица, влечат кон одредена група на книги, кон некој минат, сегашен или иден дел од мене...

И ако нешто не е кај што треба, или кај што сум го гледала со години наназад, тогаш се вознемирувам, зашто мојот свет е поместен. Може е драматизирање, аутизам или obsessive-compulsive однесување, но редот на моите книги е и мој ред.
Тие се мојата оска, она околу што ми лебдат сеќавањата и спомените.

Како што луѓе отвораат албум со фотографии и се потсетуваат за летото кога биле на Треска и јаделе варена пченка, така јас ги гледам полиците и групите книги со часови и се потсетувам како татко ми ми раскажуваше приказни за глувците што оделе на одмор, како седев во градинка и им читав на децата бајки од една книга што се викаше Си бил еднаш еден цар, како тогаш еднаш се шетав на плоштад, си купив книга и ми беше убаво...

И да, моја омилена книга на сите времиња е Хаклбери Фин, единствената што буквално се искина од читање.

Friday, June 27, 2008

Here, kitty, kitty!

Она што го мислевме да го отвориме, веќе постои - додуша, само за мачки, ама може да се прошири :)

http://www.catster.com/cats/804145

Wednesday, June 25, 2008

Петре

... а видов што видов и ништо не видов
оти везден се искачувам по душата од мртвите,
везден слегувам по дождот и маглите
и секаде задоцнувам да те стигнам тебе.
Потоа ѕемнам кај што мислам дека ќе поминеш
и сите градски порти ги оставам отворени
во секое време за да можеш да се вратиш.
Ти ме приѕираш и од небото и од земјата,
а мене никако не ми успева да ти кажам
дека и мојата смрт започна по твојата
и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира,
мислејки само на тебе, Дениција.

На гробот на Дениција



Отспрегни ce машки ветру, мој личен телалу,
надлетајте го својот глас птицо и грмотевицо,
бидете редачки мои мачни посестрими
и искрај в краја пренесете ја песната за мојата песна:
За таа топола меѓу две пустини, меѓу две планини,
за тој постојан бакнеж меѓу две пречисти усти,
за тоа виножито меѓу две возбудени шуми,
за таа неизодлива ноќ меѓу две преноќишта,
за таа потпалена свеќа меѓу два непријателски черепа,
за таа мировна труба меѓу две завојувани земји,
за таа воздушна коњица меѓу две села,
меѓу две стомни вода,
за тој преотворен чадор на печурката,
за таа препрочитана телеграма меѓу два братски дожда,
за таа непомрдната Деница меѓу две оддалечени утра,
за тоа растојание меѓу два одѕива,
за тие речни слабини меѓу две скарани перачки,
за тој затскриен студ меѓу две топли соби,
за тој буквар, за таа сметалка меѓу два ближни града,
за тоа засолниште меѓу две селски горештини,
за тој пејзаж, меѓу две писма, меѓу две боишта,
меѓу две Крушевски Републики,
за таа пот, за тој дијамант меѓу две стушени чела,
за таа грутка снег меѓу две детски дланки,
за тој сончев прстен, за таа рамноденица,
за таа расонета струја меѓу две растителни ноќи,
за тоа запечатено пладне меѓу две речни промаи,
за таа капка вода меѓу две суви непца,
за таа камбанарија меѓу два ѕидара, меѓу два ѕвонара,
за тоа нескротливо животно, за тоа милозливо Невреме,
за тој водопад меѓу моиве две раце,
за Дениција.

Песна за мојата песна


Monday, June 23, 2008

Friday, June 20, 2008

Jacques Prévert

Chanson du geôlier

Où vas-tu beau geôlier
Avec cette clé tachée de sang
Je vais délivrer celle que j'aime
S'il en est encore temps
Et que j'ai enfermée
Tendrement cruellement
Au plus secret de mon désir
Au plus profond de mon tourment
Dans les mensonges de l'avenir
Dans les bêtises des serments
Je veux la délivrer
Je veux qu'elle soit libre
Et même de m'oublier
Et même de s'en aller
Et même de revenir
Et encore de m'aimer
Ou d'en aimer un autre
Si un autre lui plaît
Et si je reste seul
Et elle en allée
Je garderai seulement
Je garderai toujours
Dans mes deux mains en creux
Jusqu'à la fin des jours
La douceur de ses seins modelés par l'amour.


"Paroles"

Wednesday, June 18, 2008

Show and talk

Порано, кога на телевизиите даваа Сали Џеси Рафаел, Хералдо или Џери Спрингер, мислев дека дневните talk-show емисии се беден изговор за телевизија, дека се евтина забава и дека никогаш од тоа не може да излезе нешто добро.

Е сега, и Опра ја ставав во таа категорија емисии се додека вистински не ја изгледав. Толку ме зарази со нејзината харизматичност и искреност што сега, после неколку години и не којзнае колку изгледани емисии, се радувам на моментите кога случајно ќе ја начекам на тв. Можеби е патетична, можеби е лажно искрена, можеби е сето тоа маска за повисоки рејтинзи, но Опра има некаков начин да се постави блиска до луѓето, да искомуницира и да инспирира. Сеедно дали збори за тоа кои витамини треба да се внесуваат, кој е последниот филм на Ума Турман или кој се е на most wanted листата на fbi, од неа секогаш може да добиеш позитивна енергија.

Мене посебно ми се свиѓа нејзиниот сајт, со сета негова шареноликост и хаотичност на теми, а она што денес посебно ми се се допадна се неколку цитати што некако убаво ми дојдоа.

"Let the beauty we love be what we do. There are hundreds of ways to kneel and kiss the ground."
Rumi

"Behind all this, some great happiness is hiding."
Yehuda Amichai

"If you hear a voice within you say, 'You are not a painter,' then by all means paint…and that voice will be silenced."
Vincent Van Gogh


Thursday, June 5, 2008

Wednesday, May 28, 2008

Фамилија



Многу си ги сакам моите...

Wednesday, May 21, 2008

Ma Vie

Des yeux qui font baisser les miens,
Un rire qui se perd sur sa bouche -
Voilà le portrait sans retouche
De l’homme auquel j’appartiens.

Quand il me prend dans ses bras,
Il me parle tout bas,
Je vois la vie en rose.
Il me dit des mots d’amour,
Des mots de tous les jours,
Et ça me fait quelque chose.
Il est entré dans mon cœur,
Une part de bonheur
Dont je connais la cause.
C’est lui pour moi,
Moi pour lui dans la vie,
Il me l’a dit, l’a juré pour la vie.
Et dès que je l’aperçois,
Alors je sens en moi
Mon cœur qui bat.

Des nuits d’amour à plus finir,
Un grand bonheur qui prend sa place,
Les ennuis, les chagrins s’effacent,
Heureux, heureux à en mourir.

Monday, May 19, 2008

Џемперчиња



Баш би почнала вакво нешто кај нас... Не верувам дека некој ќе ги купува, ама супер идеја е - за овошје, за зеленчук, за чаши, шолји, тенџериња...

Friday, May 16, 2008

Thursday, April 24, 2008

Tuesday, April 22, 2008

Thursday, April 17, 2008

Tuesday, April 15, 2008

Wednesday, April 9, 2008

Leela James, вокал што мора да се чуе и коса што мора да се види

Do you ever feel like an old soul?

Yeah. I'm not necessarily into doing things that I guess people do at my age. I guess it makes me feel like an old soul. I'm still young at heart, but I prefer to stay at home or cook or do something corny like crochet as opposed to going to the clubs. Most people are like, "Are you staying at home watching TV?" I'm like, "Yeah, Martha Stewart is on!"


What's your big specialty?

Soul food. It's seasoned with extra spices that your mother or grandmother passed down to you. You could have some string beans, but when you put the soul seasoning on them, they taste a little bit different than regular string beans. You got collard greens; you got macaroni and cheese -- homemade baked macaroni and cheese, not the box. Yams and black eyed peas. Some hot water cornbread. I can whip any of that up.

Monday, April 7, 2008

Tuesday, April 1, 2008

Целулит, my ass

Не ми се мрчи, за чудо, но ете, пред некое време се појави една реклама што ми влезе во очи и си реков дека ќе изблогирам за тоа.

Nivea има нов антицелулитен гел/крем/што и да е, кој ќе биде исто толку неефикасен како и минатогодишниот. Нормално, почнува да се комуницира и продава на пролет, демек, таман да има време секоја жена "да се среди" пред почетокот на летото.


Но, тоа не е битно. Битно е што Nivea продава со стари, излитени методи, за разлика од пософистицираната (читај: попрепредена) стратегија на Dove, која ја има истата цел во позадина - да продаде, но тоа го прави многу повешто и по"искрено", иако искреноста како категорија во рекламите е проблематична.


Како и да е, она што сакав да кажам е дека жената на Nivea принтот е веќе слаба и веќе без целулит, и како таква, таа е прилично нерелевантна за просечната жена која треба да отиде и да го купи гелот/кремот. Да, делува аспиративно, функционира како желба и цел во животот, но сепак, во споредба со жените во спотовите на Dove, оваа е малку подалечна. Тешко некој да ја доживее поблиска од насмеаните "дебелки" жени со целулит во рекламите на Dove.


Плус, Nivea жената е облечена во бело за да делува полесна, потранспарентна и помалечка. За разлика од тоа, Dove жените не се обидуваат да се намалат себе си за да бидат посреќни и попосакувани. Nivea ја конструира жената во отсуство, таа е само сенка, ја нема.


Посакуваноста е подеднакво битен елемент. Во принтот на Nivea жената не е сама, до неа има (слаб) дечко кој ја подига во раце. Со тоа се комуницира не само тоа дека таа е толку лесна што може и така слаб дечко да ја подигне, туку и тоа дека крајната цел на жената што внимава на својот целулит е да биде ваква или онаква за него, односно доколку сака да биде посакувана, подигнувана во небо и сакана, треба да биде таква, безцелулитна. Но, Dove жените се секогаш сами, и барем за телото, се прилично самодоволни, со порака дека се што таа жена прави го прави за себе и за сопственото уживање, а не за некој друг. Додуша, Dove знае и да ги групира жените, со цел да се комуницира потреба од некакво женско здружување или патетична женска солидарност. Од друга страна пак, тоа што таму се повеќе жени може да се сфати и како неинсистирање на едно конкретно тело како модел, идеализирана слика и концепт за нешто, односно комуницирање на повеќекратноста и индивидуалноста на телото.


Со ваквата инстант-анализа без некое поголемо посветување не сакав да кажам дека Dove ми се омилен бренд, бидејќи не ми се, туку да размислам за нивната стратегија во контекст на тековните контроверзи за тоа што е тело и уште повеќе, што е убаво тело. Иако во позадина и на Nivea и на Dove стои една единствена цел - да продадат што е можно повеќе кремчиња, сепак, начинот на кој се комуницираат нештата е прилично интересен. Во крајна линија, може делува педерски тоа што Dove манипулира со "дебели", "стари", "грди" жени за да продаде нешто, но кога ќе видам дека кога веќе мора да купам некаков шампон, може тоа да го направам без да ми се разниша самодовербата и да го отсакам моето тело.

Btw, користам сосем друг шампон...
:)

Thursday, March 27, 2008

Лапидариум

Залезот во Созопол...

Доцни залезот во Созопол
Сонцето е
Занесено во твоите бедра


Георги Господинов

Saturday, March 22, 2008

Роденден

Денес и е роденден на братучетка ми, најблискиот човек што го имам до сестра.
:)

Tuesday, March 18, 2008

Ми текна да си го следам името на блогот...

Zesty Tagliarini

  • 1 lb. fresh tagliarini
  • 2 cups heavy cream
  • zest of 2 lemons
  • 2 tbsp. of finely chopped fresh rosemary leaves
  • 2/3 cup freshly grated pecorino romano
  • salt and freshly ground pepper

Pour cream into a large high-sided skillet, and place over medium-high heat. Bring to a boil and cook until cream has reduced by one third. Add lemon and rosemary, lower heat to medium and cook for another 3 minutes. Bring a large stockpot of generously salted water to a boil. Add the pasta to the stockpot and cook until al dente, about 2 to 3 minutes. Drain well and transfer to the skillet with the sauce. Sprinkle with pecorino romano, season with salt and pepper, and toss until well combined. Serve immediately, with grated pecorino on the side if desired.If you want to use light cream you can, but it won't be as yummy. Also note that it should be quite saucy.


Tuesday, March 11, 2008

Спот

Освен тоа што оваа песна е на една хрватска реклама каква што напишав и јас, со скроз иста приказна како мојата, ја ставив и затоа што многу ми се свиѓа :)

Thursday, March 6, 2008

... and the Academy Award goes to...

Под притисок да напишам нешто ново и креативно, бидејќи секој ден мора да измислам топла вода, денес, сосем случајно ми текна дека во четврта година на факултет имав и предмет Книжевна херменевтика и креативно пишување... ехеее... креативно пишување сум имала!!!

И тоа ми предаваше - ни помалку ни повеќе - Катица... или, да цитирам еден друг професор кој скоро почина, партиската курва... упс, академик.

Како и да е, ми текна дека, со оглед на тоа дека ми предавала креативно пишување, мојата "креативност во пишувањето" и ја должам нејзе... Тоа значи дека во мојот thank you говор кога ќе земам Оскар за сценарио, ќе треба да и се заблагодарам... NOT!!! :)))

Monday, March 3, 2008

роденден

Мачорот денес полни три години...

Wednesday, February 27, 2008

Kingpin

Некако ме мрзи да пишувам, па затоа ќе ги постирам моите нови, најубави патики...

Monday, February 25, 2008

Tuesday, February 19, 2008

Sunny Side Up

... и кога по долг и напорен ден ќе си дојде човек дома, како да не се изнасмее и опушти со вакво нешто?!
:)

За во двор... или на кров на зграда...




Wednesday, February 13, 2008

Monday, February 11, 2008

Wednesday, February 6, 2008

Friday, February 1, 2008

Кој видел аир од книги...

Не ја гледам поентата, ама ај.
Правилата, кои нема да ги испочитувам до крај, се:

* земи било каква книга во непосредна близина
* отвори на 123 страница, ако има
* јасно прочитај ги првите 5 реченици кои почнуваат на страната
* следните три, после петте, вкуцај ги на блог
* наведи го насловот и авторот на делото
* тагни следни 5 блогери

„... Но во однос на некои називи образувани со други завршоци, и особено ако се работи за малку познати месности, ова воспоставување на
в не е потребно и не се врши. На пример: Крупејца, Кленоец, Букоик. Треба посебно да се забележи дека во нашата литературна практика надвладува употребата на заменската форма тоа; така е и во прилозите во кои таа влегува како составен дел: затоа, потоа, меѓутоа.“

Граматика на македонскиот јазик, Блаже Конески, 1996

Е сега, нема да го исполнам ова во целост затоа што: не се вика било каква, туку: каква било, а плус не знам нови 5 блогери кои би ги тагирала.

Tuesday, January 29, 2008

Tuesday, January 22, 2008

Where Is My Mind

Се залауфав со пишување, машала!

И сега се урочив и цела недела нема ништо паметно да напишам на работа, ама затоа на блог имам милион постови... Duh!

Него, го најдов ова и прилично ми ја опишува анксиозноста во периодов кој сега за сега, нема крај...

Додуша, добивам желба да го скршам, ама сепак... супер идеја.

Monday, January 21, 2008

The President Doesn't Wear Prada

Како дел од претседателската кампања, Хилари Клинтон имала закажано снимање и во Vogue, и тоа ни помалку, ни повеќе - туку од Ени Либовиц (!). Но, Хилари мудро го откажала снимањето, плашејќи се дека може да делува "женствено", а со тоа најверојатно и да си наштети на кампањата.

На ова The Almighty Ана Винтур возвратила: "The notion that a contemporary woman must look mannish in order to be taken seriously as a seeker of power is frankly dismaying."

Баш не го очекував ова од неа. Мислам на Ана Винтур :)
Но, за пофалба е што малку по малку, дури и во бастиони од типот на Vogue се појавуваат вакви ставови.

А за Хилари... не знам. Мислам дека не е доволно некој да биде жена за да биде изгласан/а за претседател/ка. Пре би гласала за Опра. Опра е и црнец, и жена! :)))

Се прашувам која наша политичарка би можела да се слика во Vogue... Ганка? Радмила?!! Фуј, мразам политика. Ама би ја сликала онаа од МВР. Не за друго, него тоа би било единствен начин да и се издепилираат мустаќите :)

Sunday, January 20, 2008

MiniMe

Од кога знам за себе имам неописиво голема фиксација за мали простори и нешта со кои може тие да се опремат, што резултирало со серии минијатурен мебел што уште го чувам, па се до фантазии како да си ја уредам домата.
А кога го видов ова, одлепив тотално.
Ич не сум по чистење, ама мислам дека кога би го
имала ова дома, постојано би си играла-чистела. А штипките - па не знам, иако не се минијатурни, радо би пружала алишта со нив. Најверојатно заради Едгар Алан По.




Friday, January 11, 2008

Лука Ѓоле

Конечно и тој на блог.
Фотографиите се ужасни, ама брат ми е најубав.



C'mere


It's way too late to be this locked inside ourselves
The trouble is that you're in love with someone else

It should be me. Oh, it should be me

Your sacred parts, your getaways

You come along on summer days

Tenderly, tastefully


And so may, we make time

Try to find somebody else

This place is mine


You said today, you know exactly how I feel
I have my doubts little girl

I'm in love with something real

It could be me that's changing


And so may, we make time
To try and find somebody else

Who has a line


Now seasoned with health

Two lovers walk a lakeside mile

Try pleasing with stealth, rodeo

See what stands long ending fast



Interpol, Antics

Saturday, January 5, 2008

:)

Мравките фатиле слон.
Бидејќи не можеле сами да го однесат во дупката, се договориле некој од нив да го чува, и ја одредиле Милица да остане.
- Милице, ние одиме по помош, а ти чувај го слонот.
- Добро.
- Ама Милице, немој да си го изедеш!
- Нема!

По некое време, се враќаат мравките, ја гледаат Милица, а слонот го нема.
- Милице, кај е слонот?
- Не знам?!
- Како не знаеш?!!! Си го изела!
- Неее!
- Лажеш, Милице!
- Не!
- Лажеш, Милице, мрсни ти се забите!

Friday, January 4, 2008

Понекогаш е подобро да слушаш отколку да зборуваш

Ха!
Конечно најдов сајт во кој се поклопуваат моите сеирџиски-воајерски-њујоршки фантазии...

:)