Wednesday, June 23, 2010

телефон

Не ми се свиѓа кога луѓе се јавуваат на телефон и муабетот им вклучува долги периоди на ќутење. Па демек ќе кажат нешто, па си дишат, си гледаат телевизија, и слично, а јас седам и "слушам". Еј, Сашка, што правиш. И тишина. Не дека мора едно по друго да се збори и да нема празен простор, ама ете така, ме нервира кога ми ќутат.