Tuesday, November 13, 2007

Филм

Откако го гледав Сенки сакав да напишам нешто, но тоа некако не ми одеше баш лесно.

Не сакам да навлегувам во анализи, толкувања и проценки што-како, не за друго туку затоа што имам чувство дека ќе си ги разводнам импресиите, па затоа само ќе преупатам на постот на Котле, пост (+коментар) кој на некој начин ги доловува.

Решив да бидам попозитивна и помалку да критикувам, па затоа со овој филм на Милчо сум помека.