Не фатив се од почеток, ама колку што разбрав, темата беше нешто од типот - жени, теологија, религиозни претстави на жени и слично. Слушав една калуѓерка која збореше толку тивко што не разбрав ништо (note to self: провери си го слухот), и после почна да збори Елизабета Димитрова, која претходно не ја знаев, pardon my ignorance. Почна да анализира неколку цркви како примери за византолошки концепти за жената во однос на тоа како е претставена во црквите, и во однос на тоа каков третман имала на литургиите, и последователно на тоа, каков статус имала во општеството. Се тоа беше многу интересно, зашто заклучокот беше дека со текот на времето, жената почнала да го менува својот статус и да биде претставувана заедно со машките фигури во црквите од подоцнежните периоди, и да и се овозможува повисок социјален и теолошки статус, па станувала свештеничка, па не седела позади во црквата, и така натаму. Се на се, анализата беше супер.
И на крајот од една ваква кратка, но прилично ударна и стегната анализа, Елизабета Димитрова се огради од своите сопствени заклучоци! Таа истакна дека не сака да биде погрешно разбрана, дека таа не е феминистка или нешто слично (?!) и дека воопшто не сака да застане на страна на феминистките и да ги брани нивните ставови. Сето тоа звучеше како да се извинува што донела таков срамен феминистички заклучок и како да за неа тоа е нешто од што треба да се оддалечи и заштити. Како да на феминизмот не му е место во науката и научната анализа, и како да нејзините "феминистички" заклучоци може да ја намалат неа како професорка, научник, доктор на науки, итн.
Па уште ли треба да се плашиме од етикетата феминистка?
Зарем некој ќе не нападне или нема да не сфати сериозно?
Кога веќе еднаш ќе ја надминеме таа маалска срамота?
По таквото разочарување, следеше изјавата на Светата Маченичка Валентина Божиновска, која не може, а да не зборува глупости. Да, знам дека тоа е тежок збор, но после тоа што го кажа на оваа конференција само си го зацврстив мислењето. Збореше толку неповрзани и бесмислени работи што не знам како да ги запаметам за да ги напишам. Единственото што ми текнува е нејзиниот заклучок за некоја неолитска фигура на свештеничка најдена во гевгелиско, која е закопана со многу накит. Е сега, тезата на Преподобната за Сите Религии беше дека таа не е закопана со толку многу накит заради тоа што доаѓа од богато семејство, туку затоа што таа ги поврзувала луѓето. Е како тоа, бе? WTF? Знам дека не сум археолог, ниту историчар на уметност, но каква врска има количината на накит со смирувањето и поврзувањето на луѓето? Ако некој знае да ми објасни - се повлекувам, нема проблем.
Се на се, муабетот ми беше дека - не можам да поверувам каде и како се дистрибуира моќта во Македонија, на кои луѓе им се дава можност да креираат дискурс и јавно мислење (сепак, Валентина Божиновска е на hard core позиција и луѓе ја сфаќаат сериозно, а Елизабета Димитрова е професорка на факултет). Од друга страна пак, кога веќе на некои луѓе им е дадена моќ, која пак е нивната одговорност? Не може туку така да излезеш на некој сериозен настан како што е конференција и да зборуваш без точно дефинирани ставови, совладана теорија и научна одговорност.
Како и да е, најверојатно сепак треба да помине време за да се апсолвираат некои тези, идеи и теории, да се надминат авторепресивните патријархални механизми од страна на самите "жени" и конечно да може да градиме некаква нова теориска мисла, или да почнеме да живееме некоја нова пракса. Не е срам да си феминистка, напротив!
пс
рекламата за Маги супа ме п-о-л-у-д-у-в-а! Секоја жена имала тајна, my ass! Па уште и Маги била тајната... А бе ајде бегај таму, до кога со вакви есенцијализации и мистификации...