Friday, January 8, 2010

пиши-бриши

Ете, се распишував! Браво за мене!

Деновиве го читав Евангелието по Јуда и баш си мислев колку добро ќе ми дојдеше додека студирав... Немаше само Јов да биде проблематичен и провокативен и некако многу поинтересни ќе беа муабетите со Маја... Размислувам дали треба да станам професорка по историја на религии во основно школо, кога веќе не можам да станам професорка по :)

пс
заклучив дека без да приметам, Твитер, ФБ и рекламите ми го смениле стилот на пишување. Мора да се испробам во подолга форма. Си најавувам себе си расказ :)

Нова Година во Футура



Don't tempt me, I'm gonna jump! Jump!!!
:)))))

Дом

После месец дена, конечно се враќам на пишувањето. Како вечна сонувачка, си ја почнувам оваа блог-година со еден стан во Канада кој личи како да е во Шведска, и изгледа како нешто во што баш би сакала да живеам. Растргната помеѓу фантазијата за сонце, прозорци и цвеќиња и реалноста на брифовите, мејловите и компјутерот пред кој седам, размислувам кој/што сум. Дали сум некој кој презема и прави, или некој кој седи и следи... Или некој помеѓу, некој необоен/а... Не чувствувам потреба строго да се дефинирам и да си зададам граници, но понекогаш ете, сакам да знам.

Ме пука некоја анкзиозност која не престанува.
Се надевам дека е од кафето. Или од работата.