Thursday, April 5, 2007

Wednesday, April 4, 2007

модерен филм

Мислам дека доста беше за Бојан, ќе продолжиме на следното идење во кафана :)

Сакам малце да помрчам за еден филм што го гледав вчера, мислам дека се викаше Што сакаат мажите, ама не можам да го најдам на imdb. Филмот е како правен според Maxim/CKM рецепт - друштво од тројца супер другари, сите кој од кој позгоден и поубав (според Maxim концепт за убав маж), а еден од нив и црнец (за да биде политички и расно коректно друштвото), и сите се онака - ебачи со шарм :)

Ај што приказната беше скроз провидна - нема врска, ионака не е нешто спектакуларен филмот. Мене ме изнервира третманот на родовите стереотипи во потрошувачката поп култура. Сите машки се исти, и сите машки се супер, а се разликуваат само според прозаичноста на изборот пари или љубов, при што тој што одбира љубов сепак ги добива и парите. А жените беа исто толку неинтересно претставени преку веќе досадните јасни и очекувани стереотипи - или е фина, мила, невина и наивна девојка, или е аждаја што ебе се што ќе и се доближи.

Значи, научив дека - ако сакам да го најдам "вистинскиот Maxim маж", треба да бидам религиозна, да ќутам, ама да се смешкам како ненормална цело време, да не сакам секс и да носам розеви џемперчиња. Хмм...

Мислам, мене јасен ми е концептот за low budget филм и евтина забава, ама па не мора да биде и low brain филм! Па барем да имаше некој добар хумор за да ги извади! Страшното е што вакви филмови стануваат прилично популарни и оставаат сериозни последици, зашто препишуваат многу конкретни и строго дефинирани модели на однесување. Баш и не се нудат различни начини на однесување и ако сакаш да се иницираш во социјалниот поредок треба само да одбереш улога и тоа е тоа. Не знам, ама мене тоа ми е прилично језиво, посебно кога потекнува од "безгрижна" двочасовна тв забава...

Oh well. Може ако имаше A-list глумци филмот ќе беше подобар :)

Tuesday, April 3, 2007

текстот за Бојан

Сега се чувствувам под прилично голем притисок заради најавуваниот и прерано коментираниот мој текст за Бојан, па решив да седнам и да го напишам тоа што сега ми е во глава, макар што не ми е многу многу дефиниран ставот :)

Мене Бојан отсекогаш ми бил невидено глуп/евтин/мрсен/се по ред сељак, и факт е дека сеуште е (барем во мојот pop culture analysis свет), ама по Невестата во петокот, мислам дека Бојан се претвора во знак, на ниво на културен симбол.

На некое прво, синтагматско ниво, Бојан многу добро сфатил што може, а што не може да постигне во животот и уште подобро сфатил како функционира нашата медиумски и чаршиски конструирана култура. Со оглед на тоа, решил во тие рамки да го извлече максимумот за да го оствари тоа што го сака - слава, моќ, публицитет... Мене сето тоа ми е бедно, ама тоа се некои мои критериуми што немаат врска со неговиот живот и избор во животот, па се што можам да кажам е - браво за него, respect затоа што е успешен во тоа во кое сака да биде успешен.

Е сега, она што е поинтересно кај него е другото ниво на толкување, односно македонската поп consumer култура гледана во поширок контекст, во кој Бојан добива функција на симбол - симбол на нејзината испразнетост. Нештата кај нас се до толку отидени во курац, што, - не сум сигурна дали вака импулсивно пишувајќи ќе се објаснам како што сакам - Бојан во суштина, го критикува сето она што тој го претставува. Односно, во контекст на актуелната ситуација - ситуација на Лила, Турунџиева, Весна Петрушевска, Петар не-знам-како-се-презива, па и Тони Михајловски - кои заедно со Ели-водителките (Ели Пешева&Танаскова) се shit водители, но популарни и "квалитетни" со рејтинзи повисоки од Lost и идеја за естрадна фаца - манекен (испразнет од став/мислење/..., а полн со наводно провокативни прашања што до крај на емисијата стануваат газолижачки коментари). Бојан толку многу го апологизира сето ова што тоа станува критика. Оваа појава ретко се случува, ама еве, ја имаме - Бојан е олицетворение на идејата за македонскиот водител, а во исто време и негова пародија, и тоа е она што мене тотално ме фасцинира! Затоа мислам дека Бојан е симбол, зашто во него се обединува и врвот, и падот. И ќе си продолжи така се додека не ја направи идејата за водителство скроз апсурдна - или барем ќе покаже дека е веќе одамна апсурдна (со надеж нешто да се смени во иднина, па да имаме и водители со памет, а не само со цицки и вештачка коса). За жал, самиот Бојан не е свесен за тоа каква функција врши во нашата култура, ама ете, јунаците не се секогаш свесни за своите дела :)

Затоа, Бојан за претседател! Јееееееее! Урда за Бугарите, сирење за Македонците!

пс
а Невестата ми беше повод зашто тоа е ultimate симбол - нема ништо побитно во животот на секоја девојка од денот на свадбата, тоа е момент на пресврт - толку е супер, што е ужасно. Наводно славење на љубовта, а во најголем дел од случаите, официјализирање на стравот. Затоа Бојан е супер, зашто конечно покажа колку сме празни!

Monday, April 2, 2007

анализа-шманализа

Сакав вака понеделнички, да изблогирам за Бојан 13 и да направам некој пресек на рекламите во .мк со феминистичко/постоколонијален осврт, ама ме мрзи... Ај може подоцна. Или утре.