Е сега, да - Гвинет е lame, посебно после говорот на Оскар, и не дека ми се свиѓа многу многу самата таа, ама овој newsletter и е баш ок. Ми се свиѓаат и темите, и начинот на кој пишува, и пристапот кога вика повеќе луѓе да зборат за една тема.
Посебно беше ок последната тема, за пријателствата, и што е тоа што некој го прави пријател или не. Искрено, ме мрзи да прераскажувам што вика таа, и што викаат психијатрите и свештениците што ги викнала, па затоа еве го линкот, читајте. Јас само сакам да споделам нешто убаво :)