Wednesday, May 30, 2007

6 Amnesty International правила

Некаде помеѓу градските приказни и моите воајерски афинитети, забележав појава на една критично голема маса луѓе кои така, креативно, решив да ги наречам Amnesty International.

Amnesty концептот го прават претежно девојки, на возраст од 18-30 години, кои најчесто се се уште на факултет, работат во невладини организации или едноставно, го трошат она што мамица и татица великодушно ќе им го дадат.

Amnesty девојка можеш да бидеш ако:

  1. си слаба, по можност со BMI под нормала
  2. ја носиш најскапата облека во градот, но неиспрана, неиспеглана и чудно, "оригинално" искомбинирана
  3. имаш неисчешлана, бушава коса, како да си станала од кревет
  4. си многу, многу загрижена и постојано зборуваш за:
    • глобалното загревање
    • насукувањето на китовите на Пацификот
    • страдањата на политичките затвореници во Пном Пен
    • истурањето нафта во морињата
    • се помалиот број на мршојадци на планините
    • ...
  5. не се преоптоваруваш за тоа дали имаш дечко или не, другарка или не, зашто знаеш дека сите, ама сите во град те сакаат
  6. излегуваш и се журкаш интензивно, ама цело време си многу замислена и загрижена...

Е сега, она што може да те направи вистинска Amnesty девојка е ставот.

Во најгруби црти кажано, тоа е лицемерниот став дека да, јас ја носам најскапата облека во градот, но тоа не е важно, зашто ништо на светот не е побитно од фоките што умираат... Да, се журкам и заведувам мажи, ама јас во суштина сум наивна и навистина ме боли кога ќе видам малечките куни што ги убиваат заради крзното... Не можам да им дадам пари на децата што просат на улица, ух, валкани се, ќе ми ја исфлекаат новата маичка, ама ааааах, колку деца мораат да работат во рудници и да носат оружје... Ти, таму, џабе ми купуваш пијачки, јас седам со моето долго здолниште и размислувам за тоа зошто, о, зошто не се парат пандите... па колку се слатки... Итн, итн...

Не сум сигурна колку добро го опишав моделот кој преовладува како посакуван во рамки на скопскиот социјален живот, можеби треба да се дообјаснам. Не сакам да чујам реакции од типот: сите генерализации се погрешни, да, ок е, знам дека зборувам можеби и премногу општо, но тоа е само моја перцепција на одредени феномени кои го надминуваат скопското милје, доволно провокативни за сеир и за пост.

Tuesday, May 29, 2007

Monday, May 28, 2007

Име?



Незаконското дете на полицата и рамката :)

Прамка.
Или рамолица.

обложен ѕид



Еднаш ми кажаа дека копирајтерите во големите агенции имале специјални канцеларии во кои ѕидовите се целосно обложени, како душеци, за да не си ја удираат главата. Поточно, за кога ќе си ја удираат главата, да не се повредат. И дека никој не им досадувал, не ги прекинувал, не ги гњавел... Ах.