Friday, March 9, 2007

drink a book

Цвет

Ништо, мачката не го изеде цветот. Не го ни распартали!

Вчера јадев азуки гравчиња и многу се интересни, малечки.
Мајка ми реши да направи нешто благо (а тоа кај нас ретко се случува, за жал) и кога дојдов дома, цела среќна, ми се пофали каква торта направила, леле, леле... Тортата немаше врска! Јас стварно не пребирам кога станува збор за благо, ама ова беше нејадливо.

Thursday, March 8, 2007

Baudrillard

Една причина помалку да ми биде криво што нема да отидам на постдипломски, а толку многу сакав да му ги слушам предавањата!

Во тој контекст, вчера сфатив како моето пишување на блогот е всушност еден момент на себереализација или себепроект што одамна го барав и мислев, некакво мое хипер-реално потврдување.


rip

денес

Толку се опседнав со блогот што вчера со часови си мислев што се ќе изнапишам и сега, некако не знам што ми текна!

Денес добив два цвета, еден вештачки и еден вистински. Двајца цветови!

А со оглед на тоа дека јас всушност не сакам цвеќиња, едниот го ставив во чаша-вазна што подалеку од мене, а другиот се надевам дека мачката радо ќе го изеде.

Многу мразам кога луѓе што многу ги сакам се однесуваат неочекувано лошо со мене. Фуј. Ама многу сакам кога ќе ми текнат интересни работи, како на пример тие за на рака што ги измислив денес.

Wednesday, March 7, 2007

...

Кога ќе пораснам сакам вака да пишувам:

This Is Just To Say

I have eaten
the plums
that were in
the icebox


and which
you were probably
saving
for breakfast


Forgive me
they were delicious
so sweet
and so cold



1962
William Carlos Williams

!

Сега веќе кога почнав да пишувам, не можам да прекинам!


Nothing worth having is easily attained.


You'll never get to heaven if you're scared of getting hot.

Прв пост

Oh, well. Уште еден мој блог и уште еден "прв" пост. Тост. Мост. Лост. Дост.а.

Си ветувам и си давам чесен Титов пионерски збор дека на овој блог actually и ќе пишувам. Понекогаш. Ако ми текне нешто интересно.

:)


Ај чао.