Friday, September 7, 2007

Love life, stop aids







Денес видов една кампања што ептен ме бендиса од креативен аспект. Идејата е супер, а кога видов дека во едно од решенијата се осмелиле да прикажат геј пар, паднав во несвест од радост.

Но, додека го спремав постот, сфатив дека всушност, ова е само бедно продолжување на неколку опасни предрасуди што никако да ги искорениме. Едната е дека геј мажите (не најдов принт решение со лезбејки) некако одат рака под рака со сидата. И секако, проститутките се се уште хит.

За жал, некои нешта и не може поинаку да се претстават за да им бидат јасни на луѓето, ама не значи дека треба да тапкаме во место со премногу типични начини на комуникација. Секако оваа кампања ќе ја пренесе пораката за заштита од сида и слично, ама ќе отвори и други рани. Јбг, адвертајзинг е меч со сто острици...

3 comments:

Vladimir said...

Хехе, проститутките секогаш ќе бидат хит:)))

А што се однесува до геј (тука мислам на машките геј), на нив кај и да е ќе им пројде модата. Полека пополека, ќе стивне бранот на либерализам започнат во доцните 60-ти на минатиот век, и ќе се вратат на маргините. Тука не мислам на маргините од општеството, туку на маргините од јавното внимание, од фокусот на јавноста и медиумите.

Хм, а кога сме веќе кај геј, лезбејките исто како и проститутките, секогаш ќе ми бидат хит. Толку се милички, нежнички мх мх мх... :)))

bluessence said...

Ама не треба да бидат на маргините на јавното внимание, тоа само создава хомофобија! Треба да апсолвираме некои нешта, меѓу другото и тоа дека да си геј не е ништо поразлично од тоа да си стрејт (ме нервира терминов ужасно, ама тоа во друга прилика). Кога на сите тоа ќе ни стане сосем "нормално", тогаш може да тргнеме на страна вакви муабети...

Мада, ни тоа не држи, зашто не е само геј/стрејт, туку и останатите познати и непознати сексуални идентитети, ориентации и чувства, од кои секогаш ние, како рестриктивно уплашено општество, ќе издвоиме нешто и ќе го стигматизираме...

Може за X години ќе се појави кампања во која ќе се вика - трансексуалците се ризична група за колера и што, никој да не биде трансексуалец?! Или сите со фетиш за латекс се "нездрави"?! Од друга страна пак, некои од фетишите и желбите се факт опасни, како на пример педофилија. Тенка е линијата, а мора ептен ептен ептен да се пази како се создава јавно мислење...

Anonymous said...

Ете кај нас на билборди геј парови се појавуваат единствено во сида-варијанта. Понекогаш мислам оти човекот треба да излезе од адвертајзинг фотографијата, спотот и слично.
Femgerila