Tuesday, October 2, 2007

Reality Check

Доста беше сонување. Back to real life issues.

Деновиве беше објавен конкурсот за постдипломски студии во ЕуроБалкан, конкурс што одамна го чекав. Арно ама: наставната програма + списокот на предмети + професорите што знам дека ќе предаваат + износот на школарината = ладен туш.

Место да слушам асални професори и луѓе од овде што ги бива, јас би требало да ги слушам The Almighty Слободанка Марковска, Шкариќ и Катица... wtf?!

Е сега, Катерина Колозова е раководител, и тоа е супер, но мене се уште не ми е доволно. Мојата идеја за родови студии не е избор помеѓу философија и род или социологија и род?!

Сакам програма од која actually ќе научам нешто, а не од 90% од предавачите да слушам депласирани тези и надминати теории, само за после две години да можам да се фалам дека имам диплома за родови студии...

Како и да е, I know my shit.

16 comments:

Миша Поповиќ said...

Не верувам дека наскоро, било каде во Македонија ќе може да се најдат студии каде професори кои окупирале некоја област, ќе дадат предност на други подобри кадри... без разлика на која област се однесува тоа.

Со други зборови: Скопје е доволно широко за медиокритети а со доволно малку потреби за да критична маса може да побара повеќе.

bluessence said...

Да, тоа е тоа. Страшното е што во целата таа ситуација се потопуваат тие другите и се губат. Теоретски знаеме дека медиокритетите секогаш победуваат, но кога тоа лично го доживуваш, па... во најмала рака - боли.

Vladimir said...

Потполно се сложувам со вас двајцата погоре.

Така да, bluessence прејди на твојот План Б. Оној за кој јас повеќе навивам, ти текнува? :)))

Поради интерес на истрагата и остварување на планот, јас нема да откривам повеќе детали. Оставам на авторот. :)))

bluessence said...

Владимир, доволно кажа :) Останатото ќе биде ставено на блог ;)

Anonymous said...

cek, cek cek kako toa? pa ja eve sobiram dokumenti, se spremam. kade ja anceka listata na profesori? Takvo nesto ne stignalo do mene. Za nekolku iminja znam i toa se iminja na koi im veruvam ama Katica, Skaric, Markovska aaaaaaaaaa ne ne. Neli se oni od Filozofski katedrata za rodovi. ne me streckaj vaka pls. Ne ne ke se ubijam ako e taka. Pozdrav femgerila

Vladimir said...

Haha... Welcome to the real World femgerila. :)))

Да не очекуваше Julia Kristeva, Rosi Braidotti, Judith Butler, Naomi Wolf итн.(да не ги редам понатака), да ви предаваат?!?

Нажалост тоа е тоа. Катице бре?!? Ај што е тезгарош, но Катица и родови студии?!? Ist es moglich? Ja, das ist moglich in Mazedonien!

bluessence said...

Фем, не сум нашла листа на професори, лошо сум се изразила. Но, според насоките на кои се поделени студиите, и списокот на предмети (сигурно го имаш тоа), за некои нешта ми е прилично очигледно... сепак, предмет што се вика психологија на род - кој би го предавал тоа?!
Те молам разубеди ме!

Anonymous said...

Oh shit! само толку можам да кажам. Катица и род, Шкарич и род, Турунџиева и Маленко, Волкот и Црвенкапа, Мајка Тереза и queer square. Демит!
Фемгерила

bluessence said...

Знаеш што Фем, треба ние да отвориме наша герилска програма за родови студии! Да организираме кружоци и акции и свашта :) ионака овде ништо ново нема да научиме...

Ај кажи ми за кого знаеш дека ќе предава, плс...

Anonymous said...

Знам за Сузана Милева (шо е супер иако вери вери строга) и Катерина Колозова официјално, неофицијално уште некое име ама глупо е вака јавно, а не проверено... Јас се запишувам дефинитивно пошто уписот за Бугарија ми кидна поради нели сјајната идеја да си останам во скпје (евро-балкан наравно). Сеа ова малку ме плаши. Како и да е ќе бирам социологија и род...филозофија и теорија видовме ништо арно не направи...фуј почнав да се грозам од теоретичариве се повеќе и повеќе. Ништо без активизам! Ќе правиме сигурно. Имам нешто на ум. Ќе те контактирам. Сериозно ова!
Фемче :)

bluessence said...

Еве, и Милчо Манчевски ќе предавал. Што - род и филм? Да ми е да знам само што значат родови студии за него... Како се конструираат стереотипни женски ликови во филм или како се заведуваат малолетни... ај, имам предрасуди.

bluessence said...

Фемче, едвај чекам!
Btw, кај си ти вчера? :)

Anonymous said...

Што почнавте? Ајдеее јас уште документите не ги средив за упис. ц ц ц ај пиши на мејл информации, шо како кога, кои предмети и слично. Фркишта.
Феми!

Anonymous said...

Ај, може полу-официјални информации. Значи, предава Ана од филозофија (оние техничките предмети), предава Марковска, а од идниот семестар можеби и ќерка и ако се врати од туѓина, Шели и Маја од компаративна, предава Милчо (ама пошо он е по карактер зафатен и у фрка, не му се знае никад), предава Шкариќ а веројатно и Анела од социологија, Иван уште се мисли ама во последно време нешто е многу заљубен во Мухиќ па може и да не смисли нишо, Деспина сигурно, а да не ги заборавиме и сите од евро-балкан (Кате, Милевска, Жаре, Јован...). Е, добрата вест е што дефинитивно Катица нема да предава - иако тоа е штета за сите кои губеле година од неа :-) Сепак, може и ќе се премисли и тогаш ќе бидат комплетни. Уствари, ќе им фали и Венко :-)
Ајт, доста ви е.

Anonymous said...

Сеа да не нагаѓаме ама дел од споменатите нема да предаваат. Дефинитивно. Од Катица и оние кои никогаш не губеле година (ЈАС; ЈАС; ЈАС :)) со право треба да се сомневаат во искреноста, можноста и пред се компетентноста врзана за ваквата проблематика. Само ако ми уџе у предаваоницу :) има да летаат пенкалца ко у старите добри средношколски денови.
Феми

bluessence said...

Може дури и супер оценка да имаш од некого а да знаеш што од него (не) можеш да научиш :)

Можеби имам елитистички пристап кон тоа од кого би сакала да слушам предавања во врска со родови студии, но ете, тоа е тоа... Колку повеќе размислувам околу програмата и колку повеќе дознавам, се помалку ми се сака да се запишам... сфатив дека едините од кои би слушала се нашите од ОКК, а за нив па и не ми треба да давам еден тон пари :) може да ги викнам на кафе и да си го истерам муабетот :)

Не знам, стварно. Ептен се мислам... во меѓувреме, најдов програми од ваков тип на студии во други земји (со огромни tuition fees, damn) и паднав во дупла депресија кога видов какви предмети и проекти таму прават... Така што... не знам, некако не ми се сака половично истерани ствари... можда е одбивање за компромис, а можда е линија на помал отпор...