Friday, January 8, 2010

Дом

После месец дена, конечно се враќам на пишувањето. Како вечна сонувачка, си ја почнувам оваа блог-година со еден стан во Канада кој личи како да е во Шведска, и изгледа како нешто во што баш би сакала да живеам. Растргната помеѓу фантазијата за сонце, прозорци и цвеќиња и реалноста на брифовите, мејловите и компјутерот пред кој седам, размислувам кој/што сум. Дали сум некој кој презема и прави, или некој кој седи и следи... Или некој помеѓу, некој необоен/а... Не чувствувам потреба строго да се дефинирам и да си зададам граници, но понекогаш ете, сакам да знам.

Ме пука некоја анкзиозност која не престанува.
Се надевам дека е од кафето. Или од работата.

1 comment:

BellaMarija said...

uh... se osekam kako da si mi citala misli dodeka si go pisuvala ova... :)
damn!