Еднаш, имав еден испад (читај: вербална дијареја) мотивиран од одредени бивши колешки, па излезе еден голем пост кој само дремеше како некаков чир на блогот.
Друг пат изнапишав еден носталгично-меланхоличен пост, во потрага по моето загубено време, и тој па дремеше како некаков глуп облак на блогот.
Се разбира, и двата текста останаа само ден-два, ги избришав скроз.
Кога пред неколку години го почнав блогот, единствениот концепт што го имав беше да нема концепт, и да биде некаков мој интимен дневник, но само на позитивните мисли, емоции, настани и сл. Знам дека кога би отстапила од тоа би била и поинтересна, позабавна, почитана, покоментирана и популарна можеби, ама мене тоа баш и не ми значи.
Блогот не е мојот фронт.
И затоа токму денес, ден на една многу голема нервоза/невроза, одлучувам да не пишувам ништо за тоа и да си ја зацврстам старата одлука. Малку ми е тешко да си кажам think pink, ама понекогаш е добро да си направиш мини ментална автолоботомија за да се зачуваш себе си...
пс
најверојатно и овој пост наскоро ќе биде избришан
4 comments:
Сашкааааа....еве јас ќе ти помогнам за think pink! замисли си го пронајдов блогот здрав и жив! Се изнасмеав колку е наивен! Ама сепак решив да не го бришам туку да продолжам на истиот со постирање! го делам истото чувство со тебе на револто-тага од реалноста, па всушност и тоа ме испровоцира да се појавам на блог!
... и така...ќе се читаме позрели!
...е! и те молам да не ги бришеш постовите кои ги имаш напишано! Памтам од порано дека знаеше да напишеш прекрасни текстови и после да ги избришеш! Немој please! =*
Е значи како се израдував кога те видов, после тоооолку време - пак Снепи :)))
Ок, нема да бришам постови, ама ај и ти пишувај! И ништо не е наивно ако е искрено, а и да е, што ти е гајле! :***
да де! само вистината! =] хехе
Post a Comment