Friday, April 16, 2010

Име

Точно еден месец не сум напишала ништо тука.

Но на работа редовно везам и сценарија, и принтови, и имиња, и слогани, и настани, и што се не. Дури напишав и радио реклама за Holy Ghost!... Се плашам дека пишувалчето ми се истрошило, дека целата моја вештина за пишување сум ја дала на реклами и дека никогаш нема да напишам роман.

Деновиве пак го читам Шлинк, и се прашувам дали може требаше да завршам право или медицина за да бидам писател, зашто писател со ОКК диплома во џеб - тешко. И познавајќи се себе си, добро знам дека ако некогаш станам писател, нема да бидам дисциплинирана за да пишувам секој ден по 10 страници и нема да направам 20 неуспешни книги со испрана поезија и патетични раскази додека да се удене нешто, туку ќе бидам од оние писатели кои не прават ништо поврзано со пишување, и одеднаш пукнуваат и пишуваат една или две книги, и толку. Сега за сега, знам како ќе ми се вика романот, иако не знам што е приказната. Гравитација. Ете така ќе се вика. А познавајќи се себе си, гарант се урочувам со тоа што го кажувам името вака јавно, ама ете, добро е кога концептот има макар некаква формулација, со сите ризици на занаетот под рака.

Може сепак подобро да отворам спа центар.

No comments: