Wednesday, May 30, 2007

6 Amnesty International правила

Некаде помеѓу градските приказни и моите воајерски афинитети, забележав појава на една критично голема маса луѓе кои така, креативно, решив да ги наречам Amnesty International.

Amnesty концептот го прават претежно девојки, на возраст од 18-30 години, кои најчесто се се уште на факултет, работат во невладини организации или едноставно, го трошат она што мамица и татица великодушно ќе им го дадат.

Amnesty девојка можеш да бидеш ако:

  1. си слаба, по можност со BMI под нормала
  2. ја носиш најскапата облека во градот, но неиспрана, неиспеглана и чудно, "оригинално" искомбинирана
  3. имаш неисчешлана, бушава коса, како да си станала од кревет
  4. си многу, многу загрижена и постојано зборуваш за:
    • глобалното загревање
    • насукувањето на китовите на Пацификот
    • страдањата на политичките затвореници во Пном Пен
    • истурањето нафта во морињата
    • се помалиот број на мршојадци на планините
    • ...
  5. не се преоптоваруваш за тоа дали имаш дечко или не, другарка или не, зашто знаеш дека сите, ама сите во град те сакаат
  6. излегуваш и се журкаш интензивно, ама цело време си многу замислена и загрижена...

Е сега, она што може да те направи вистинска Amnesty девојка е ставот.

Во најгруби црти кажано, тоа е лицемерниот став дека да, јас ја носам најскапата облека во градот, но тоа не е важно, зашто ништо на светот не е побитно од фоките што умираат... Да, се журкам и заведувам мажи, ама јас во суштина сум наивна и навистина ме боли кога ќе видам малечките куни што ги убиваат заради крзното... Не можам да им дадам пари на децата што просат на улица, ух, валкани се, ќе ми ја исфлекаат новата маичка, ама ааааах, колку деца мораат да работат во рудници и да носат оружје... Ти, таму, џабе ми купуваш пијачки, јас седам со моето долго здолниште и размислувам за тоа зошто, о, зошто не се парат пандите... па колку се слатки... Итн, итн...

Не сум сигурна колку добро го опишав моделот кој преовладува како посакуван во рамки на скопскиот социјален живот, можеби треба да се дообјаснам. Не сакам да чујам реакции од типот: сите генерализации се погрешни, да, ок е, знам дека зборувам можеби и премногу општо, но тоа е само моја перцепција на одредени феномени кои го надминуваат скопското милје, доволно провокативни за сеир и за пост.

15 comments:

Владимир said...

Интересен текст, а пред се добар и прецизен опис на наведената појава.

Доста луцидно.

Само нешто ме интересира, за да ја укопчам целата слика позади/околу текстот, осеќам дека позади целиот текст има некоја доза на ГНЕВ. Некој скриен/нескриен гнев. Па мене ме интересира дали текстот е инспириран од еден настан или пак како беше она, од unfortunate series of events што се одвивале во последно време.

Ова ми текна да го прашам, пошто знаејќи ги женско-женските односи во градов и пошироко, си реков мора да има некоја добра причина за гневот.

bluessence said...

Па, можеби си во право, можеби има гнев, макар што не можам конкретно да го лоцирам... Можеби повеќе разочарување...

Инаку, не, не е инспириран од одреден настан, туку од одредени луѓе и нивни однесувања, кои стануваат се почести, се понеискрени и се попопуларни, за жал... Смачено ми е од празни луѓе, ситни души и луѓе кои зад декларативната грижа за глобалното затоплување ја кријат потребата за трач и шопинг... Јас немам проблем ни со трач, ни со шопинг, напротив, ама ако некој прави нешто, барем нека биде искрен/а во тоа, нека не ми се продава метафизичка болка за китовите што се насукуваат, побогу!

Владимир said...

“барем нека биде искрен/а во тоа, нека не ми се продава метафизичка болка за китовите што се насукуваат“

Одлично кажано.

Од такви “вистиниски“ save the whales и free whilly активисти, китовите на крај и навистина ќе изумрат.

“одредени луѓе и нивни однесувања, кои стануваат се почести, се понеискрени и се попопуларни, за жал“

Ова не е ништо ново. Од секогаш постоеле и ќе постои маса на такви луѓе. Прашањето е кога ќе дојдеш во допир со нив, и што е уште поважно, КАДЕ ќе додјдеш во допир со нив т.е. ова каде се однесува во која сфера од твојот живот, односно во колку важна сфера од твојот живот.

“Смачено ми е од празни луѓе, ситни души“

Градов е преполн со истите. Се повеќе и повеќе ги има. Каде и да се свртиш, опкружен си со нив. На крај останува да си се дружиш со својата проверена екипа. Но, тоа вушност е едно страшно решение. Поради таквите луѓе, ти да се затвараш и да се лишиш од нови комуникации, е страшно. Така да, боље е на ризик.

Бреее, пак се распишав.

kotle said...

Мене не ми е јасно. Тебе и на Владимир гајле ви е за китовите или не?

Владимир said...

Па искрено да ти кажам, не ми е гајле.

You may like it, or not, но барем сум искрен.

котле said...

одма на почеток... јас сум амнести дечко. единствена категорија каде неможам сериозно да се најдам е bmi кој ми е прилично поголем од нормала.

но... интересни ми се неколку тези/заклучоци кои ги изнесуваш...

што ја разликува амнести девојката од некоја друга девојка што потпаѓа под точки 2,3,4,5,6? тежината? зарем полничките не се способни за лицемерие?

зошто само амнести девојки? зарем нема амнести дечки? дали можам да заклучам дека нема такви мажи?

-Да, се журкам и заведувам мажи, ама јас во суштина сум наивна и навистина ме боли кога ќе видам малечките куни што ги убиваат заради крзното-

интересно... што е проблемот во журкање и заведување мажи? или заведување на мажи е за шмизли, а активистките треба да апстинираат за да имаат кондиција да возат со моторни санки низ Сибир во поход на спасување на куните?

Нема да ти пишувам дека сите генерализации се погрешни, иако веројатно во голем дел се... :-)

Игор Стаматовски said...

Помеѓу амнести девојка што не се грижи за китовите и куните, и онаа што се грижи, јас би ја одбрал втората.

Помеѓу толку малку свесни луѓе, кои мислат дека неможат да направат разлика, пак би ги одбрал вторите.

Можеби сакаш нешто битно да кажеш, ама гневот ти ја поматил чистата и прецизна мисла.

Разбистри малку :)

bluessence said...

Знаев дека ќе создадам забуна и затоа одма кога го напишав постот сакав и да го избришам, ама сад је више касно...

Значи, ова е повеќе сеирџиско промислување на одредени скопски феномени и се условни, се разбира.

Котле - правилата се некаков нзс, изведено општо место на Амнести концептот и апсолутно не значи дека се рестриктивни. Односно, се разбира дека може да бидеш и со поголем бми, ама тоа те прави помалку атрактивен, барем според општо прифатените концепти за калифорниско тело - а тоа им е многу битно на Амнести позерките.

Има и Амнести дечки, и тоа многу, само не се толку очигледни како девојките.

Проблемот со Амнести луѓето во Скопје е што кај нив се е декларативно и далеку се од активизам. Ако навистина се грижиш за животните како што велиш, не носи крзно, as simple as that.

Воопшто не сакам да кажам дека вистинските и искрени активистки треба да апстинираат, не ме сфаќај буквално. Само тоа дека преку глава ми е од луѓе што се презафатени да се насмевнат или да направат муабет затоа што ах, толку малку панди останаа...

Без навреда за вистинските активист(к)и, кои штознам, можеби имам предрасуди, но некако не верувам дека поминуваат 3-4 саати во тафрење пред огледало само за да изгледаат вакви или онакви и своето време го користат за каузата во која искрено веруваат, наместо само слепо да ја имитираат.

Можеби не сте дошле во некаков контакт со некој репрезентативен примерок за да го препознаете на начин каков што јас го доживувам. Сепак, да бидам искрена, мека на Амнести концептот се местата од типот на Бастион, Точка, Сектор, ... кај што никој не оговара, туку разговара за "битни" ствари.

bluessence said...

Инаку, Котле - за китовите.

Мене не дека не ми е гајле, ама не па дека сега ме боли до дното на срцето, толку многу што еве, сега, ќе излезам во град и ќе тажам.

Се додека не отидам на брегот на некој океан и не почнам да ги враќам насуканите китови назад во морето, или барем да донирам по 5 долари месечно на сметката за Save he Whales, џабе ми е. И не сакам да се преправам дека сум нешто што не сум.

Darko said...

Китови? А кутрите панди!

Владимир said...

Мада, јас би се насочил повеќе кон кутрите луѓе.

Прво да го решиме проблемот со нив, па после со кутрите ни животинки.

bluessence said...

Колку и да изгледа Амнести дека е сеир, гнев или мрчење од моја страна, поентата останува - ако вистински сакаш да направиш или промениш нешто, почни, место само декларативно да изјавуваш и глумиш загриженост.

Нахрани некое дете на улица, нахрани некое животно, не носи вистинско крзно, итн, итн... Престани да глумиш мајка Тереза кога не си.

BRINER said...

Кај има вакви цури, сакам една...

Владимир said...

Па пишува погоре каде се може да се најдат вакви цури.

Според авторката на оваа гневна студија: “Сепак, да бидам искрена, мека на Амнести концептот се местата од типот на Бастион, Точка, Сектор“ .

Бастион,Точка,Сектор, јас тука би го додал и Балет.

Значи местоа, кои се кое од кое по тапа и досадни. А сега и сфаќам зошто. Too much концентрација на амнести девојките. Да не беше текстов, ќе ми требаше многу подолго време да сконтам зошто овие места се ТАПА и СРАЊЕ.

Владимир said...

Ајде нов пост...

Каков е овој пост при постирање н нов пост? :)