Friday, August 3, 2007

Kool Thing

Деновиве го разгледувам лајн-апот на INmusic festival во Загреб, ги проверувам можностите да се отиде таму и размислувам за веројатноста да се случи ваков настан и во Македонија... no way!

Мислам дека и не се работи само за организациска способност, финансиска моќ или доволно голем интерес кај публиката, туку дека е и подалеку од тоа. Ако добро се сеќавам, Дејан Дуковски еднаш кажа дека ако Балканот е газот на Европа, тогаш Македонија е чмарот. Изгледа некои земји едноставно не се на културната мапа од светот, или фигурираат по потреба, како знак за добродушноста на "големите земји" кои ете, овојпат му дозволуваат и на Балканот по нешто (еве, повелете Beastie Boys во Србија, !!! во Хрватска, и доста ви е, престанете да се жалите!).

Ми текнува на Хоми Баба и Гајатри Спивак и сите теории за субалтерните идентитети, локацијата на центрите на моќ, локацијата на културата, деконструкцијата на бинарноста од типот центар/маргина итн итн, ама што со тоа... Најзаебано е што најчесто, додека не дојдеш во центрите на моќ не може ништо ни да кажеш, ни да направиш, ни да уништиш.

И тоа е најголемата замка на постколонијалната теорија (која многу ја сакам) - додека Хоми Баба не отишол во Англија никој жив не сакал да го чуе. А не е тоа поентата! Поентата е, меѓу другото, дека моќта за создавање дискурс треба да се дистрибуира и подалеку од воспоставените центри за создавање дискурси - Сорбона, Оксфорд, Принстон...

И тука некаде е и личната замка на Хоми Баба - после сите негови тези и теории, станува професор токму на Харвард. Изгледа побитно е да се едуцираат белите англиски аристократи со доволно пари кои најчесто студираат од досада и навика, а не и сиромашните индијци, парагвајци, македонци итн итн кои едноставно не можат да си дозволат да студираат надвор од "дома"...

И исто како што САД и ЕУ може секоја вечер да ги слушаат Sonic Youth, ние Другите треба да се потегнеме дури до Загреб, светото место одбрано за овој фестивал, и да бидеме благодарни што е во земја за која се уште не ни треба виза.

Сепак, се знае каде треба да бидеш за да бидеш чуен, односно каде треба да бидеш за да чуеш:

"I mean, are you gonna liberate us girls
From male white corporate oppression?
...
Fear of a female planet?
Fear, baby!"

No comments: