Friday, December 21, 2007

Me, myself and I

Генерално, луѓето ме доживуваат како отворена, екстровертна личност која знае да зборува до бескрај за се и сешто. Од друга страна пак, јас имам проблем да зборувам за себе и за нештата што ги доживувам и мислам дека сум многу интровертна (искрено, не ми се допаѓаат ваквите класификации, мислам дека се пререстриктивни, но, ајде нека останат). И токму затоа што не сакам да зборувам за себе, го оставам ова и ова, па сега... тоа е тоа. Не сакам да се самосожалувам, да се правам гревче, а најмалку пак да предизвикувам внимание на себе, но добро ми доаѓа терапевтската моќ на блогов и согледувањето дека и други го поминуваат истото.

2 comments:

Anonymous said...

Интересен пост...
Генерално јас те доживувам како интровертна.
Се сложувам дека е рестриктивно да кажеш за некој дека е(само)интровертен или есктровертен (по термерамент) и затоа ми се допаѓа речникот кој го користи Јунг дека една личност може да биде доминантен екстроверт, а латентен интроверт и обратно. Мислам дека неговара определба (клафисикација) е пофлексибилна.:)

bluessence said...

Да, по ок е така кажано. Макар што, кога станува збор за депресија, биполарност, анксиозност, социјални фобии и слично, колку ваквиот дискурс е апликабилен? Дали воопшто функционираат категориите интровертност/екстровертност кога, да ја цитирам Дус, постои голем облак надвиснат над глава кој те менува и прави да се себедоживуваш поинаку...