И секојпат кога ќе го препрочитам Петре, се побивам сама себе си, сфаќајќи дека до човекот е, а не до јазикот. До чувството е, а не до зборовите. До мене е, а не до што било друго...
Трето писмо
Беше тоа еден ден што траеше цела година.
A беше тоа кога помислував
дека твојата коса низ туѓи прсти
истекува ко млаз вода или ко сува пченица,
па јас останував сам и сите остануваа сами
и возовите добиваа нови и незнајни брзини
и веќе никаде не можеа да запрат;
и тревите почнуваа да ветреат во лажна прељуба
и сите ветрени коли носеа од моите боли.
A беше тоа кога помислував
дека полната светлина од твојата уста
капе и ce меша во туѓа пладнина,
па гаснеше варта во моите очни витли
и шумите слегуваа во длабоки подземја
и небесата догоруваа и реките потекуваа нагоре
и животните ме гледаа како пријател што го губат
и cè што беше мое живееше без мене.
A беше тоа кога помислував
дека веќе не можам да мислам без тебе,
па почнував да личам на сите мои предци,
на сите мои предци, a најмногу на себеси.
No comments:
Post a Comment