Одамна немам напишано ништо овде затоа што си ветив себе си дека ќе имам само убави емоции на блогот, дека нема да мрчам (освен ако тоа не е забавно) и дека нема да хејтам. Неколкуте поста што беа негативни ги избришав скоро одма по нивното постирање и не верувам дека некој и ги прочитал. Но, не е дека немам нешто убаво за пишување - постојано се случуваат убави работи, ама ете.
Одамна немам напишано ништо овде затоа што пишувам на друго место, сепак - ако не пишувам, испитите ќе останат неположени, и ако не пишувам, и билбордите ќе останат празни.
Мислам дека најголемата причина зошто одамна немам напишано ништо овде е тоа што се чувствувам преекспонирана сама за себе, премногу отворена, премногу изложена. Се чувствувам како во музеј, како во витрина, како на писта - и што е полошо, сите тие работи сама си ги создавам. Понекогаш, го немам ни минимумот его потребно за да постирам нешто свое.
И иако ова делува сосема контрадикторно и иронично во однос на зборовите што во моментот ги пишувам и планирам да ги постирам, сепак, не знам како да продолжам да пишувам овде. Блогот го имам со години, прилично е интимен, и по карактер, и по број на читатели, и тоа што нема аспирации да се надмине себе си најверојатно резултира токму со ова - моја несигурност.
А може и ми се истрошило пишувалчето?!
2 comments:
Дур ти се врткаат мисли низ глава нема да ти се потроши пишувалчето, од една едноставна причина - во крвта ти е. И јас гласам да не престанеш да пишувам.
Ха ха, само што помислив да го избришам и овој пост :)
Во секој случај, 10х!
Post a Comment