Monday, April 23, 2007

конечнооо

Го најдов мојот body mate! :)

После толку барање и проценување тела, конечно најдов тело што е како моето. Кога ја видов девојката, ми прескокна срцето и се уплашив, беше како да се гледам себе си! Не во лицето, само во телото, се разбира. Додуша, има една друга девојка што во лицето многу личи на мене, и се уплашив и неа кога првпат ја видов, ама тоа е друга приказна.

Оваа ја видов во автобус, беше со мајка и, мислам дека не ме забележа, ама јас како ненормална, цело време се вртев и ја гледав, не ми се веруваше! Конечно знам какво тело имам :)

А вчера видов и една оперска пејачка на тв, и таа беше блиску до тоа да ми биде body mate, ама татко ми рече дека е мааалку покрупна од мене.

4 comments:

Anonymous said...

Конечноооооо, сега и официјално не смееш повеќе да не прашуваш сите нас за тоа како изгледаш во споредба со некоја random девојка таму некаде.
Thank Lord in heaven!!!!!!!!!
:)))))))))

Дамјан Георгиевски said...

Слики колешке, слики!

:)

Владимир said...

Шта вам је госпоџо, еееј? (тука со раката мавтам накај госпоџата) :)

Ме изнасмеа постот, а уште повеќе и првиот коментар на истиот. Колку е само во право Anonymous со неговиот коментар. :)

Каков невиден relief, сега конечно можеме да се занимаваме со проблеми од типот на ГЛОБАЛИЗАЦИЈА, GLOBAL WARMING, МИКРОСОФТ, гладните во АФРИКА итн.

Уште една СВЕТСКА МИСТЕРИЈА е решена, без да се вмешаат масоните и заговарачите на conspiracy theories.

Јеееееее :)

bluessence said...

Госпоџо, спремам пост и за гладните во Африка, а и за Амнести!

stay tuned

:)