Thursday, October 13, 2011

Tuesday, September 13, 2011

Moments...

If I were able to live my life again, next time I would try to make more mistakes. I would not try to be so perfect. I would be more relaxed. I would be much more foolish than I have been. In fact, I would take very few things seriously. I would be much less sanitary. I would run more risks. I would take more trips, I would contemplate more sunsets, I would climb more mountains, I would swim more rivers. I would go to more places I have never visited. I would eat more ice cream and fewer beans. I would have more real problems, fewer imaginary ones. I was one of these people who lived prudently and prolifically every moment of his life. Certainly I had moments of great happiness: Don’t let the present slip away. I was one of those who never went anywhere without a thermometer, a hot water bottle, an umbrella, and a parachute. If I could live over again, I would go barefoot, beginning in early spring and would continue so until the end of autumn. I would take more turns on the merry-go-round. I would watch more dawns and play with more children, if I once again had a life ahead of me. But, you see, I am eighty-five and I know that I am dying.

J. L. Borges

Thursday, August 18, 2011

Thursday, June 16, 2011

Средношколска носталгија pt. 1

И така, тоа

Одамна немам напишано ништо овде. Како некој што често пишува, чкртка, твита, коментира, мрчи и мисли, некако се чувствувам загушено во морето наречено "протести". Одненадеж, се фаќам себе си во ситуација во која е битно да се зборува, а јас ќутам и повторно го гледам аутистот во себе. Не сакам да пишувам за протестите, посебно не после тоа што вчера зборев за тоа на испитот по постколонијална теорија.

Одамна немам напишано ништо овде затоа што си ветив себе си дека ќе имам само убави емоции на блогот, дека нема да мрчам (освен ако тоа не е забавно) и дека нема да хејтам. Неколкуте поста што беа негативни ги избришав скоро одма по нивното постирање и не верувам дека некој и ги прочитал. Но, не е дека немам нешто убаво за пишување - постојано се случуваат убави работи, ама ете.

Одамна немам напишано ништо овде затоа што пишувам на друго место, сепак - ако не пишувам, испитите ќе останат неположени, и ако не пишувам, и билбордите ќе останат празни.

Мислам дека најголемата причина зошто одамна немам напишано ништо овде е тоа што се чувствувам преекспонирана сама за себе, премногу отворена, премногу изложена. Се чувствувам како во музеј, како во витрина, како на писта - и што е полошо, сите тие работи сама си ги создавам. Понекогаш, го немам ни минимумот его потребно за да постирам нешто свое.

И иако ова делува сосема контрадикторно и иронично во однос на зборовите што во моментот ги пишувам и планирам да ги постирам, сепак, не знам како да продолжам да пишувам овде. Блогот го имам со години, прилично е интимен, и по карактер, и по број на читатели, и тоа што нема аспирации да се надмине себе си најверојатно резултира токму со ова - моја несигурност.
А може и ми се истрошило пишувалчето?!

Thursday, March 24, 2011

Сара Кеј

Не знам ни каков вовед да напишам за ова - hands down! Онаа Сара Кеј од порано беше моj oмилен лик како мала, а оваа друга Сара Кеј ме потсети зошто сакам да читам и да пишувам.

Tuesday, March 22, 2011

Leap of faith

Во последно време повторно размислувам за тоа што е она што некои уметнички дела ги издвојува од другите и како проценуваме дека нешто е уметност, а нешто не е. Со оглед на нашата уметничка средина и она што во Македонија се смета за уметност, долго време сум била прилично збунета и растргната помеѓу различни ставови, истории, прегледи и критики, и многу пати сум се сомневала во сопствената способност за проценка, анализа, па дури и препознавање или чувствување на уметничките дела.

По толку време, ги тргам на страна сите теории за моќ, влијание, дискурс, сите истории на уметноста, дијахрониски и синхрониски пресеци и сите естетички теории, затоа што сепак, она што останува, а најверојатно и пресудува, е личниот допир и чувството што го добиваш или не го добиваш кога доаѓаш во допир со некое дело. Има работи кои едноставно, те менуваат и не си ист откога ќе ги видиш, прочиташ, слушнеш или доживееш...

Последното такво големо нешто кај мене беше допирот со Фрида Кало.

Фрида Кало има еден автопортрет кој подоцна го вклопила во друг контекст или композиција - додала огледало со иста димензија како сликата, врамено во иста рамка како сликата. Тоа било наменето како подарок за некоја нејзина пријателка која се отселила, па идејата на Фрида била да и стојат сликата и огледалото едно до друго за секој пат кога пријателката ќе погледне, да се види во огледалото и да биде веднаш до неа. Така, тие секогаш ќе бидат заедно...

Кога ја видов јас сликата, и се имав приближено од другата страна и отпрво не се погледнав во огледалото. Се поместив за да ја прочитам приказната и случајно се погледнав. Тоа беше неверојатно искуство - исто како што изгледа Фрида на сликата, така изгледав и јас! На исто растојание, иста перспектива, исто светло, и некако се почувствував и како јас да сум насликана, и како Фрида да е жива, до мене. Се смрзнав, и се наежив, и се препотив, и иако ме болеше стомак и имав страшни грчеви, се погледнав во огледалото и никогаш не сум била поубава...

Во тој момент, и секој пат потоа кога се потсетувам на ова искуство го добивам тоа интензивно чувство што прави да знам која е разликата меѓу нештата... Не дека тоа ме прави критичар или теоретичар, но ова искуство ми помогна да препознаам дека празнотијата од такви чувства во Скопје е заради тоа што едноставно, нема толку добри уметници кај нас, или барем нема такви уметници. Или пак, јас се уште не сум ги видела.

Ова не беше случај само со Фрида Кало, сепак. Отсекогаш ми било интригантно прашањето како се влегува во учебниците, историите и каноните за уметност, но дури кога одблиску ги видов Кле, Миро, Пикасо, Шагал, Полок и други, си го добив одговорот... Ова се случи и со Јоко Оно, која отсекогаш ме нервирала (ова е дури understatement), но кога го видов Wish Tree, целосно ме обзема.

Можеби ова доаѓа со апсолвирање токму на сите тие теории и истории што решив да ги тргнам на страна, можеби само со игнорирање на теориите и може да се препознае и почувствува уметноста, онака инстиктивно, сетилно, од стомак... Можеби треба да заборавиме се што сме научиле за да можеме да видиме, да осетиме и да создаваме. Не верувам дека Кортасар кога пишувал имал пред себе учебник за литература или книга од Аристотел, иако тоа стои таму некаде, како дел од индивидуалното или колективното минато и тлее...

Некои работи едноставно знаеш дека се добри, дека се важни и дека имаат што да кажат, покажат или раскажат... се надевам дека еден ден ќе можам и јас да се ставам од другата страна, од страната на оние што ја прескокнале реката и создале, измислиле и претставиле, оние што направиле нешто што допира луѓе...

запчиња

Friday, February 11, 2011

Гомце

Знам дека сите го знаат, и не е ништо ново, но сепак. Во ова клипче е синтетизирано она убаво сабота сабајле/недела попладне чувство на мир, спокојство и среќа...