Thursday, December 16, 2010
Thursday, December 2, 2010
Наздравје бањање!
Отсекогаш, моите после бањање ми викале „Наздравје!".
Кога бев мала, не ми беше баш најјасно зошто ми го викаат тоа,
и ме нервираше. Па не сум болна?!
Сега, моите бањања се поинакви, некако се... празни.
Излегувам од купатило и не слушам „Наздравје!"...
И ми фали.
Monday, November 29, 2010
random questions
Am I losing myself?
Have my ads eaten me?
Is my voice still mine?
Is it me here writing?
Am I me?
Tuesday, November 2, 2010
Tuesday, October 19, 2010
us, and them
Wednesday, September 1, 2010
Dance, dance!
OMG OMG!
Овде ги има сите мјузикли/филмови со играње што сум ги сакала како мала и како голема, и кога го изгледав не можев да се соземам! Од Dirty Dancing, па Fame, па West Side Story, па Save the Last Dance, па Strictly Ballroom, па Singing in the Rain... и секако, хитот на татко ми - Седум невести за седум браќа :)
Многу сакам да играм, м-н-о-г-у!
Friday, August 13, 2010
приказна
Денес сосема случајно налетав на еден блог и се воодушевив. Мајката е поранешна копирајтерка (не дека е тоа нешто битно, ама ете, за мене е) која за неколку минути прави сцена-приказна околу бебето што спие и го сликнува. Можеби делува како малтретирање или злоупотреба, но не верувам дека кое било бебе дало согласност да биде сликано, така што... I wouldn't mind.
Thursday, July 15, 2010
Vacation
Vacation | ||
by Rita Dove | ||
I love the hour before takeoff, that stretch of no time, no home but the gray vinyl seats linked like unfolding paper dolls. Soon we shall be summoned to the gate, soon enough there’ll be the clumsy procedure of row numbers and perforated stubs—but for now I can look at these ragtag nuclear families with their cooing and bickering or the heeled bachelorette trying to ignore a baby’s wail and the baby’s exhausted mother waiting to be called up early while the athlete, one monstrous hand asleep on his duffel bag, listens, perched like a seal trained for the plunge. Even the lone executive who has wandered this far into summer with his lasered itinerary, briefcase knocking his knees—even he has worked for the pleasure of bearing no more than a scrap of himself into this hall. He’ll dine out, she’ll sleep late, they’ll let the sun burn them happy all morning —a little hope, a little whimsy before the loudspeaker blurts and we leap up to become Flight 828, now boarding at Gate 17.
|
Tuesday, July 13, 2010
Kissy, kissy
Да, ок, знам дека сите го знаат ова, ама сепак го постирам зашто сакам да ja имам оваа емоција на блог :)
Wednesday, July 7, 2010
me, myself and I
Отсекогаш не учеле дека не треба да бидеме себични, дека треба да им помагаме на другите и да правиме се за нив, а за нас - кога ќе остане време.
Воспитувани сме да мислиме дека е грев ако посветуваме време и внимание на себе, дека секогаш треба да гледаме прво за оние околу нас, и дека ако се цени нечие мислење, тоа секако е она на другите. Колку и да звучи тоа бахтиновски прогресивно, во суштина е сосема обратно, бидејќи на ниво на едукација и воспитување, девизата за несебичност отвора простор за фрустрации, комплекси и синдроми на жртва, и мал милион нервози и неврози. Генерално, според западната мисла егото треба да се потиснува, па затоа и се обојува со негативна конотација. Целта е да ги тргнеме нашите потреби, желби и ситуации на страна, несебично да бидеме тука за другите, и многу јасно, да не очекуваме ништо за возврат. Дури, целиот момент на несебичност во западната култура е и прилично лицемерен, затоа што сепак, јас на англиски е со голема буква и нема глагол без лична именка, и се форсираат алфа доминантни личности, секако, во скриена форма. Сепак, општо прифатениот модел е да се биде послушен на другите и пожртвуван. Да не навлегувам во родови анализи, но ова е модел кој па посебно се форсира кај малите девојчиња, но ај, тоа во друга тема.
Е сега, можеби генерализирам, ама од се што имам прочитано од и за источната филозофско-религиозно-уметнички корпус, себичноста е само едноставна грижа за себе. Сите го знаеме она - кој ќе се грижи за тебе ако не самиот ти?, но дури и една таква донекаде субверзивна мисла во вакви рамки е потисната од доминантната несебичност. Таму некаде источно од нас е малку поинаку, се смета дека основа на се е грижата за себе, не во смисла на себеразмазување, туку на себенегување, на посветеност на она што ни се случува и на себеосвестување. И нема ништо лошо во тоа да се грижиме за себе и да го правиме она што сметаме дека е најдобро за нас, колку и во моментот да е спротивно на нечии интереси, желби и барања. Можеби тоа некогаш ќе изгледа како повреда на луѓето, но всушност низ грижата за себе и љубовта кон себе ние и можеме да се грижиме за другите и да ги сакаме другите. Сето тоа сепак има прилично несебичен исход, но искрен и освестен.
И да завршам онака патетично-драматично-бахтиновски, колку што е патот кон себе низ другите, исто толку и патот кон другите е низ себе...
Wednesday, June 23, 2010
телефон
Не ми се свиѓа кога луѓе се јавуваат на телефон и муабетот им вклучува долги периоди на ќутење. Па демек ќе кажат нешто, па си дишат, си гледаат телевизија, и слично, а јас седам и "слушам". Еј, Сашка, што правиш. И тишина. Не дека мора едно по друго да се збори и да нема празен простор, ама ете така, ме нервира кога ми ќутат.
Tuesday, June 1, 2010
Tuesday, May 18, 2010
Тајната на жената
Во последно време не ми е многу интересна родова анализа, и секој пат кога ќе ја видам рекламата на Маги супа се воздржувам од вербална дијареја, но снимката од една конференција што ја видов вчера беше навистина премногу.
Не фатив се од почеток, ама колку што разбрав, темата беше нешто од типот - жени, теологија, религиозни претстави на жени и слично. Слушав една калуѓерка која збореше толку тивко што не разбрав ништо (note to self: провери си го слухот), и после почна да збори Елизабета Димитрова, која претходно не ја знаев, pardon my ignorance. Почна да анализира неколку цркви како примери за византолошки концепти за жената во однос на тоа како е претставена во црквите, и во однос на тоа каков третман имала на литургиите, и последователно на тоа, каков статус имала во општеството. Се тоа беше многу интересно, зашто заклучокот беше дека со текот на времето, жената почнала да го менува својот статус и да биде претставувана заедно со машките фигури во црквите од подоцнежните периоди, и да и се овозможува повисок социјален и теолошки статус, па станувала свештеничка, па не седела позади во црквата, и така натаму. Се на се, анализата беше супер.
И на крајот од една ваква кратка, но прилично ударна и стегната анализа, Елизабета Димитрова се огради од своите сопствени заклучоци! Таа истакна дека не сака да биде погрешно разбрана, дека таа не е феминистка или нешто слично (?!) и дека воопшто не сака да застане на страна на феминистките и да ги брани нивните ставови. Сето тоа звучеше како да се извинува што донела таков срамен феминистички заклучок и како да за неа тоа е нешто од што треба да се оддалечи и заштити. Како да на феминизмот не му е место во науката и научната анализа, и како да нејзините "феминистички" заклучоци може да ја намалат неа како професорка, научник, доктор на науки, итн.
Па уште ли треба да се плашиме од етикетата феминистка?
Зарем некој ќе не нападне или нема да не сфати сериозно?
Кога веќе еднаш ќе ја надминеме таа маалска срамота?
По таквото разочарување, следеше изјавата на Светата Маченичка Валентина Божиновска, која не може, а да не зборува глупости. Да, знам дека тоа е тежок збор, но после тоа што го кажа на оваа конференција само си го зацврстив мислењето. Збореше толку неповрзани и бесмислени работи што не знам како да ги запаметам за да ги напишам. Единственото што ми текнува е нејзиниот заклучок за некоја неолитска фигура на свештеничка најдена во гевгелиско, која е закопана со многу накит. Е сега, тезата на Преподобната за Сите Религии беше дека таа не е закопана со толку многу накит заради тоа што доаѓа од богато семејство, туку затоа што таа ги поврзувала луѓето. Е како тоа, бе? WTF? Знам дека не сум археолог, ниту историчар на уметност, но каква врска има количината на накит со смирувањето и поврзувањето на луѓето? Ако некој знае да ми објасни - се повлекувам, нема проблем.
Се на се, муабетот ми беше дека - не можам да поверувам каде и како се дистрибуира моќта во Македонија, на кои луѓе им се дава можност да креираат дискурс и јавно мислење (сепак, Валентина Божиновска е на hard core позиција и луѓе ја сфаќаат сериозно, а Елизабета Димитрова е професорка на факултет). Од друга страна пак, кога веќе на некои луѓе им е дадена моќ, која пак е нивната одговорност? Не може туку така да излезеш на некој сериозен настан како што е конференција и да зборуваш без точно дефинирани ставови, совладана теорија и научна одговорност.
Како и да е, најверојатно сепак треба да помине време за да се апсолвираат некои тези, идеи и теории, да се надминат авторепресивните патријархални механизми од страна на самите "жени" и конечно да може да градиме некаква нова теориска мисла, или да почнеме да живееме некоја нова пракса. Не е срам да си феминистка, напротив!
пс
рекламата за Маги супа ме п-о-л-у-д-у-в-а! Секоја жена имала тајна, my ass! Па уште и Маги била тајната... А бе ајде бегај таму, до кога со вакви есенцијализации и мистификации...
Thursday, May 13, 2010
30
30 работи што не ги сакам:
- месо
- чорапи во сандали
- мајмуни
- шкртање со пенкало по насловни страници
- превиткување страни од книги
- портокалова боја
- ориз
- храна во лавабо
- ждригање
- силиконски прерамки
- водка
- тесто од торта
- потпишување сопствено име насекаде
- луѓе што не гледаат во очи додека зборат
- вертикални линии
- физика
- лук
- кафеава боја
- снег
- промаја
- долги нокти
- лигавење
- кога некој ми прави притисок
- италијански јазик
- директност
- француски маникир на стапала
- благи парфеми
- зима
- да пијам ладна вода
- кафе со шеќер
Wednesday, May 12, 2010
30
30 работи што ги сакам:
- море
- мачки
- плава боја
- дрвени моливи
- дрвени подови
- праски на кои им се двои семката
- дремење под сенка
- играње
- брези
- кифли какви што ги прави мајка ми
- авиони
- патлиџани
- мирис на гранчиња и ѕвезди од патлиџани
- сандали
- сонце
- пливање
- книги и хартии
- мармалад од кајсии
- заспани улични кучиња
- киндер јајца
- жолти ружички
- пенкала
- блогови за дизајн
- пишување
- хеклани работи
- француски јазик
- лак за нокти
- пиперки
- чипка
- дрвени закачалки
Friday, April 30, 2010
Tuesday, April 27, 2010
што научив на факултет
Ете, it's a sign!
Под прозор помина едно девојче со две кеси од Манго, а јас пред малку го гледав сајтот! Значи - мора да си купам нешто!
Чудно како мојот мозок наоѓа начин да најде логика во се, или оправдување за се. Ама пак, колку што научив на факултет, тоа реално се вика суеверие/магија. Ај добро, не одам во Манго. Oh well.
Saturday, April 17, 2010
Friday, April 16, 2010
Име
Точно еден месец не сум напишала ништо тука.
Но на работа редовно везам и сценарија, и принтови, и имиња, и слогани, и настани, и што се не. Дури напишав и радио реклама за Holy Ghost!... Се плашам дека пишувалчето ми се истрошило, дека целата моја вештина за пишување сум ја дала на реклами и дека никогаш нема да напишам роман.
Деновиве пак го читам Шлинк, и се прашувам дали може требаше да завршам право или медицина за да бидам писател, зашто писател со ОКК диплома во џеб - тешко. И познавајќи се себе си, добро знам дека ако некогаш станам писател, нема да бидам дисциплинирана за да пишувам секој ден по 10 страници и нема да направам 20 неуспешни книги со испрана поезија и патетични раскази додека да се удене нешто, туку ќе бидам од оние писатели кои не прават ништо поврзано со пишување, и одеднаш пукнуваат и пишуваат една или две книги, и толку. Сега за сега, знам како ќе ми се вика романот, иако не знам што е приказната. Гравитација. Ете така ќе се вика. А познавајќи се себе си, гарант се урочувам со тоа што го кажувам името вака јавно, ама ете, добро е кога концептот има макар некаква формулација, со сите ризици на занаетот под рака.
Може сепак подобро да отворам спа центар.
Thursday, March 18, 2010
Tuesday, March 16, 2010
Tuesday, March 2, 2010
Сакам летооооооооо!
Во секоја Летно рекреативна програма на МТВ имаше по еден филм дневно, и јас секој ден се пореметував кога ќе ја дадеа сивата шшица со ИГРАН ФИЛМ на неа, седев со наместено видео, празна касета внатре и прст на копче во случај да го даваат Кришо! Ако не беше Кришо, бев целосно разочарана и си се тешев дека ај, утре гарант ќе го даваат, а па кога беше!!! Тоа беа радости, скокања, играња... И денес го имам истото чувство во стомакот кога го гледам почетокот на филмот :)
Лето, море, Ст. Тропе, француски јазик, 60ти години, песници, убави дечки и девојки, јахти... magnifique!
Thursday, February 25, 2010
Friendships and friendboats
Кога пред некоја година дознав дека Гвинет Палтроу почнува со Goop, никаде немаше информации за тоа што точно ќе има во него. Од биковска љубопитност, нормално, се ставив на листа и баш се изненадив што се пишува и раскажува.
Е сега, да - Гвинет е lame, посебно после говорот на Оскар, и не дека ми се свиѓа многу многу самата таа, ама овој newsletter и е баш ок. Ми се свиѓаат и темите, и начинот на кој пишува, и пристапот кога вика повеќе луѓе да зборат за една тема.
Посебно беше ок последната тема, за пријателствата, и што е тоа што некој го прави пријател или не. Искрено, ме мрзи да прераскажувам што вика таа, и што викаат психијатрите и свештениците што ги викнала, па затоа еве го линкот, читајте. Јас само сакам да споделам нешто убаво :)
Sunday, February 14, 2010
Dalai Lama рекол:
We have bigger houses but smaller families;
More conveniences, but less time;
We have more degrees, but less sense;
More knowledge, but less judgment;
More experts, but more problems;
More medicines, but less healthiness;
We've been all the way to the moon and back,
but have trouble crossing the street to meet the new neighbour.
We build more computers to hold more information to produce more copies than ever but have less communication.
We have become long on quantity, but short on quality.
These are times of fast foods but slow digestion;
Tall men but short character;
Steep profits but shallow relationships.
It's a time when there is much in the window, but nothing in the room.
Во време кога размислувам за завеси, убаво е да те сецне вакво нешто...
Friday, February 12, 2010
desperately seeking... myself
Од време на време добивам порив да изнапишам многу работи овде вака, за жал мотивирана од разно-разни негативни контексти (настани, луѓе, работа, чуда...), но ете, се воздржувам, со неколку исклучоци кои навремено беа решени.
Еднаш, имав еден испад (читај: вербална дијареја) мотивиран од одредени бивши колешки, па излезе еден голем пост кој само дремеше како некаков чир на блогот.
Друг пат изнапишав еден носталгично-меланхоличен пост, во потрага по моето загубено време, и тој па дремеше како некаков глуп облак на блогот.
Се разбира, и двата текста останаа само ден-два, ги избришав скроз.
Кога пред неколку години го почнав блогот, единствениот концепт што го имав беше да нема концепт, и да биде некаков мој интимен дневник, но само на позитивните мисли, емоции, настани и сл. Знам дека кога би отстапила од тоа би била и поинтересна, позабавна, почитана, покоментирана и популарна можеби, ама мене тоа баш и не ми значи.
Блогот не е мојот фронт.
И затоа токму денес, ден на една многу голема нервоза/невроза, одлучувам да не пишувам ништо за тоа и да си ја зацврстам старата одлука. Малку ми е тешко да си кажам think pink, ама понекогаш е добро да си направиш мини ментална автолоботомија за да се зачуваш себе си...
пс
најверојатно и овој пост наскоро ќе биде избришан
Tuesday, February 9, 2010
:*
Da-dum, da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, Da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Why haven't I told you
Oh, baby, I've told every little star
Just how sweet I think you are
Why haven't I, I told you
Da-dum, da-da-da-da-da-da-da
I've told ripples in a brook
Made my heart an open book
Why haven't I, I told you
Friends ask me "am I in love"
I always answer "yes"
Might as well confess
If the answers yes
Maybe, you may love me too
Oh, my darling, if you do
Why haven't you told me
Da-dum, da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Friends ask me "am I in love"
I always answer "yes"
Might as well confess
If the answer's yes
Maybe, you may love me too
Oh, my darling, if you do
Why haven't you told me?
Da-dum, da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Da-dum, da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, Da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Why haven't I told you
Oh, baby, I've told every little star
Just how sweet I think you are
Why haven't I, I told you
Da-dum, da-da-da-da-da-da-da
I've told ripples in a brook
Made my heart an open book
Why haven't I, I told you
Friends ask me "am I in love"
I always answer "yes"
Might as well confess
If the answers yes
Maybe, you may love me too
Oh, my darling, if you do
Why haven't you told me
Da-dum, da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Friends ask me "am I in love"
I always answer "yes"
Might as well confess
If the answer's yes
Maybe, you may love me too
Oh, my darling, if you do
Why haven't you told me?
Da-dum, da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Da-da-da-da-da-da-da-da
Da-dum, da-dum
Tuesday, January 26, 2010
Thursday, January 21, 2010
Monday, January 18, 2010
Friday, January 8, 2010
пиши-бриши
Ете, се распишував! Браво за мене!
Деновиве го читав Евангелието по Јуда и баш си мислев колку добро ќе ми дојдеше додека студирав... Немаше само Јов да биде проблематичен и провокативен и некако многу поинтересни ќе беа муабетите со Маја... Размислувам дали треба да станам професорка по историја на религии во основно школо, кога веќе не можам да станам професорка по :)
пс
заклучив дека без да приметам, Твитер, ФБ и рекламите ми го смениле стилот на пишување. Мора да се испробам во подолга форма. Си најавувам себе си расказ :)
Дом
После месец дена, конечно се враќам на пишувањето. Како вечна сонувачка, си ја почнувам оваа блог-година со еден стан во Канада кој личи како да е во Шведска, и изгледа како нешто во што баш би сакала да живеам. Растргната помеѓу фантазијата за сонце, прозорци и цвеќиња и реалноста на брифовите, мејловите и компјутерот пред кој седам, размислувам кој/што сум. Дали сум некој кој презема и прави, или некој кој седи и следи... Или некој помеѓу, некој необоен/а... Не чувствувам потреба строго да се дефинирам и да си зададам граници, но понекогаш ете, сакам да знам.
Ме пука некоја анкзиозност која не престанува.
Се надевам дека е од кафето. Или од работата.
Subscribe to:
Posts (Atom)